Македонија
И покрај дождовите, брзо се вози: Полицијата казни 202 возачи во Скопје, 102 за брзо возење
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/полиција.jpeg)
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 102 санкции, 25 санкции за управување под дејство на алкохол, 11 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, информираат од МВР.
Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголемиме безбедноста во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Таравари започна со разрешување на клиниките: „Очекувам за два месецa повеќе да нема економски директори“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/taravari-1.jpg)
Новиот министер за здравство Арбен Таравари, најави дека започнува со разрешување на економските директори на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ на кои им е истечен мандатот и дека постапката ќе продолжи и за другите кои вршат ваква функција, но откако ќе се направат потребните законски измени.
Таравари очекува за два месеци повеќе да нема економски директори.
„Денеска ќе бидат разрешени 7-8 директори од вкупно 14, односно оние на кои им е истечен мандатот за в.д. директор. Како ќе им истекува мандатот в.д. и останатите ќе бидат разрешни. Имаме и директори кои се со решение и за нив ќе треба да се направат законски измени. Но, јас очекувам за два месецa повеќе да нема економски директори“, рече Таравари при ги посетата на хируршките сали на Kлиниката за ТОАРИЛУЦ кои беа затворени поради непознат мирис.
Таравари најави дека како министер ќе се зафати прво со овој проблем.
„При денешната посета ми беше кажано дека во одредени хируршки сали нема мирис, а во одредени има. Јас очекувам да добијам извештај од досегашните испитувања и да видиме како најбрзо да го решиме овој проблем. Ми требаат неколку дена за да донесам одлука, дали ќе одиме со решавање на проблемот со отварање на нова набавка и инсталирање на комплетно нов систем или ќе може овој да се поправи. Се надевам дека до петок ќе имаме одлука“, изјави Таравари.
Тој потврди дека на Клиниката за кардиохирургија на директорското место е вратен доктор Марјан Шокаровски, кој беше разрешен од претходниот министер Илир Демири.
Македонија
Сиљановска Давкова го прими словачкиот амбасадор, Хенрик Маркуш: од особен интерес е интензивирањето на билатералниот политички дијалог
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Foto-1-1-1.jpeg)
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш.
На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи и можностите за унапредување на соработката во различни области од заемен интерес.
Претседателката истакна дека билатералните односи се карактеризираат со пријателство и разбирање оценувајќи дека меѓу двете земји постојат силни културни врски поради наследството на светите браќа Кирил и Методиј.
Нагласувајќи дека годинава се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи со Словачка, претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за принципиелната поддршка од Словачка и од Вишеградската група како традиционален поддржувач на македонските евроинтеграции и посветен партнер во НАТО.
Во насока на продлабочување на соработката во области од заемен интерес, pретседателката истакна дека е видлив растот на трговската размена за којашто постои можност во наредниот период да постигне поголеми резултати со заеднички ангажман од двете страни.
Таа нагласи дека од особен интерес е и интензивирањето на билатералниот политички дијалог.
Македонија
Новиот министер Андоновски на средба со младите од ИТ-секторот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/image00008.jpeg)
Новиот министер за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на првиот работен ден се сретна со млади луѓе од ИТ-секторот.
„Првата официјална средба како министер за дигитална трансформација ја почнувам заедно со младите. Сите напори и решенија треба да бидат во насока на обезбедување добри услови младите да се развиваат и да ја гледаат и својата иднина во Македонија“.
Тој додава и дека реформите се во фокусот на новата Влада.
,,Реформите во општеството и дигиталната трансформација се и главен акцент на новата Влада, со што ќе им се овозможи и подобар стандард за живеење на младите и намалување на корупцијата“.