Регион
Тешка сообраќајка на автопатот кај Чачак: Се судриле автомобил и комбе, патничкото возило се превртело
Тешка сообраќајка се случила попладнето на главниот пат од Чачак кон Краљево во градот Мојсиње, при што се судриле патничко и товарно возило, пишуваат агенциите.
„Патничкиот автомобил од сила се судри со комбето, се преврте на страна. Луѓето кои случајно се нашле во близина веднаш притрчале да ги извадат повредените од патничкото возило и да им помогнат. Патот е блокиран, а се очекува доаѓање на брзата помош“, изјави за РИНА Никола Р., кој во моментот на несреќата бил на местото на настанот, пренесува српскиот печат.
Засега се уште не е познат бројот на повредени, како и степенот на нивните повреди.
Поради оваа сообраќајка на Ибарска магистрала сообраќајот се одвива отежнато и се формирани големи колони возила.
Се очекува истрага и од припадници на сообраќајната полиција кои ќе ги утврдат сите околности кои довеле до овој инцидент на автопатот на смртта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Мажот кој со сопругата загина во Хрватска, пред несреќата се снимал во живо додека вози „бмв“ 200 на час
Еди Здјелар (24) и неговата сопруга загинаа вчера во тешка сообраќајна несреќа кај Новска во Хрватска, а нивното двегодишно дете е тешко повредено.
Здјелар управувал „бмв“ со кое со голема брзина удрил во камион на автопат, а со нив во автомобилот имало и дете. До несреќата дошло кога тој удрил во задниот дел на камионот со босански национални ознаки што се движел пред него во истиот правец.
Кусо пред несреќата, 24-годишникот на својот Фејсбук профил објави видео на кое се гледа како вози на автопат, каде може да се забележи дека возел повеќе од 200 километри на час. На видеото во позадина гласно се слуша музика, а надвор врне.
Здјелар во еден дел од видеото ги поздравува пријателите и ги известува дека оди на крштевка. Видеото е снимено во периодот од 14:30 до 14:45 часот, што одговара на времето на несреќата кое е пријавено во 15:00 часот.
Порталот „24сата“ пишува дека во 2019 година Здјелар предизвикал уште една сообраќајна несреќа со смртни последици. Како возач на комбе изгубил контрола над возилото и неконтролирано преминал на другата страна на патот и удрил во бетонски мост. Тогаш загинале маж и неговата бремена сопруга.
„Јутарњи лист“ пишува дека девојчето моментално e надвор од животна опасност.
Регион
Драма во Хрватска: мал авион ја промаши пистата и удри во луѓе, има повредени
Во несреќата што се случи на Хвар, Хрватска, кога помал авион ја промаши пистата, три лица се полесно повредени, јави ХРТ.
Несреќата се случила во Староградско поле, кога авионот ја промашил пистата при слетување и удрил во двајца велосипедисти.
Повредените со хеликоптер се пренесени во сплитската клиничка болница.
Регион
Тепачка пред средно училиште во Сараево: повредено едно лице
Денеска во 11 часот и 40 минути пред Средното машинско-техничко училиште во Сараево дошло до физичка пресметка меѓу две лица во која едно лице е повредено, пренесува порталот „Radiosarajevo.ba“.
Според забележаното од порталот „Radiosarajevo.ba“ пред Средното машинско-техничко училиште, биле припадници на КС МУП и вршеле истрага.
„Пред училиштето се е оградено со жолти ленти, а полицијата е на терен“, пренесува порталот.
Според последните информации, непознат маж бил повреден од камен и во моментов се наоѓа во здравствена установа за да му биде укажана соодветна лекарска помош.