Забава
Том Круз и Хејли Атвел на премиерата на „Невозможна мисија 7“ во Абу Даби
Том Круз и неговата гламурозна колешка Хејли Атвел споделија нежност на црвениот тепих за премиерата на „Невозможна мисија: Одмазда – прв дел“ во понеделникот во Абу Даби.
Том (60), за кој се шпекулира дека се зближил со Хејли во текот на снимањето, изгледа елегантно во црн костум, кошула и сребрена вратоврска.
Хејли – која глуми тукушто свршена со Нед Волфганг Кели – го привлече вниманието во прекрасна комбинација од сатен во боја на лимета за нивната голема вечер.
Британско-американската ѕвезда (41) импресионира со отмен стил вреден за комплименти. Горниот дел е во стил на наметка и миди здолниште што ја гушка фигурата.
Вистинска доза елеганција, коментираат медиумите.
Актерката од „Капетан Америка“ го дополни совршениот изглед со конвенционални црни чевли на штикла, кои едвај се гледаа под облеката до подот.
За љубовниот живот на Том не се знае многу, освен некои шпекулации од минатата година кога го поврзуваа со Хејли. Извори блиски до актерите тврдеа дека станале неразделни уште од првиот ден на снимањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ештон Качер во паника поради судењето на Диди: „Се кае за се, се чувствува изневерен“
Ештон Качер жали за пријателството со Шон Диди Комбс, кој беше уапсен под обвинение за сексуална трговија, рекетирање, проституција и други слични кривични дела, пишува Дејли Мејл.
Додека раперот го чека судењето во Њујорк, 46-годишниот актер наводно стравува дека Диди може да ги лаже властите за неговите познати пријатели.
Качер беше близок пријател со Диди речиси 20 години и присуствуваше на неговите забави. Сепак, извори блиски до Качер тврдат дека тој е „преплашен што раперот би можел да каже или направи нешто за да излезе од затвор“.
„Ештон жали за неговото пријателство со Диди со оглед на тоа што се случи. Се чувствува изневерен, земен здраво за готово и изманипулиран. Истото го чувствуваше и за Дени Мастерсон. Сега не верува никому освен неговата сопруга Мила. Во својот близок круг ќе го задржи само семејството“, изјави изворот за странските медиуми.
Забава
(Видео) Не, ова не е Џек Николсон на модната недела во Париз
Снимки од „Џек Николсон“ во бадемантил и со пура во рака на ревијата на Баленсијага во Париз станаа вирални на социјалните мрежи.
@thealexisstone Alexix Stone as Jack Nicholson for Balenciaga #balenciaga #alexisstone #jacknicholson ♬ original sound – THEALEXISSTONE
На многумина им требаше долго време за да сфатат дека, се разбира, тоа не е Џек Николсон на видеото.
@thealexisstone Becoming Jack Nicholson for Balenciaga #alexisstone #balenciaga #fyp ♬ original sound – THEALEXISSTONE
Имено, станува збор за Алексис Стоун, британски шминкер познат по неверојатните трансформации. Стоун на ревијата пристигнал со лимузина, а кога излегол настанал хаос. Тој објави на TikTok како се одвивала трансформацијата.
Забава
Обожавател побара потпис од Анџелина Џоли, и даде постер со Бред Пит на него
Анџелина Џоли беше на филмскиот фестивал во Њујорк, каде и пријде обожавател и побара автограм. Но, тој сакаше да го потпише плакатот за филмот Mr. & Mrs. Smith, во која играше заедно со нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит.
Според Page Six, Џоли добро се справила со тоа обидувајќи се да не го погледне делот од постерот со лицето на Пит на него.
Многумина се налутија од ваквиот потег на нејзиниот обожавател.
„Замислете да тврдите дека сте обожавател на Анџелина Џоли, а потоа да и дадете постер од нејзиниот злоставувач да потпише“, беше коментарот на социјалната мрежа Икс.
„Веројатно тоа е некој што само сака да го продаде нејзиниот потпис за многу пари, луѓето го прават тоа цело време“, коментира друг.
Анџелина Џоли и Бред Пит се заљубија во 2005 година на снимањето на филмотMr. & Mrs. Smith. Тие се венчаа во 2014 година, а добија шест деца, од кои три посвоија. Медокс, Пакс и Захара се посвоени, а Шајло, Нокс и Вивиен се нивни биолошки деца.