Контакт

Свет

Украина: Фативме човек кој им помогна на Русите да бомбардираат пицерија

Објавено пред

Украинската контраразузнавачка служба (ССУ) објави дека уапсила маж осомничен дека им помагал на руските сили да извршат ракетен напад, во кој загинаа десет цивили во пицерија во градот Краматорск.

dobivaj vesti na viber

Од ССУ наведуваат дека уапсениот живеел во околината.

„Според првите резултати од истрагата, непријателскиот агент е жител на Краматорск, вработен во локалната компанија за транспорт на гас“, се вели во соопштението на веб-страницата на украинската контраразузнавачка служба.

Човекот, објави ССУ, снимал згради и автомобили во близина на пицеријата и ја испратил снимката до руското воено разузнавање, се вели во соопштението за печатот.

Васил Маљук, директор на ССУ, рече: „Овој агент на Руската Федерација, дефинитивно, ќе одговара пред украинскиот суд. Неговото апсење е сигнал за сите други предавници што работат за непријателот. Запомнете – казната е неизбежна“.

Во нападот загинаа 10 цивили, од кои три тинејџерки. Повредени се 61 лице.

Свет

Шефот на кабинетот на Зеленски: Украина не е подготвена на компромис со Русија за да се стави крај на војната

Објавено пред

Украина не е подготвена да постигне компромис со Русија и да отстапи од кој било дел од својата територија за да стави крај на војната, изјави началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак.

dobivaj vesti na viber

Тој го изјави ова во вторникот во Вашингтон на новинарско прашање како ќе ја коментира изјавата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп дека може бргу да го прекине конфликтот во Украина доколку биде избран за претседател на САД во ноември.

Јермак рече дека Украина ќе ги послуша сите совети за да постигне, како што наведе, праведен мир, но дека не може да прави компромиси кога станува збор за независноста, слободата, демократијата, територијалниот интегритет и суверенитет, пренесе „Ројтерс“.

Јермак е во посета на Вашингтон пред самитот на НАТО следната недела во главниот град на САД, каде што се очекува Украина да биде главна тема.

Досега САД испратија воена помош за Украина во износ од повеќе од 50 милијарди долари. Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, во вторникот изјави дека САД набргу ќе објават повеќе од 2,3 милијарди долари нова воена помош за Украина.

Прикажи повеќе...

Свет

Израел нареди евакуација на третина од Газа; ОН: Прашањето е каде да се оди

Објавено пред

ОН соопшти дека одлуката на Израел да ги евакуира Палестинците од областите Кан Јунис и Рафа е најголемата таква наредба во Појасот Газа откако борбите принудија 1,1 милион луѓе да го напуштат северниот дел на енклавата во октомври.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на ОН, Стефан Дужарик, во понеделникот рече дека наредбата за евакуација се однесува на една третина од Газа, а процената на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA) вели дека околу 250.000 луѓе моментно живеат во областа.

Тој смета дека „евакуацијата во толку голем обем само ќе ги влоши страдањата на цивилите и ќе ја зголеми потребата за хуманитарна помош“.

Тој предупреди дека луѓето се соочени со „невозможен избор повторно да се преселат, некои веројатно втор или третпат, во области кои едвај имаат доволно простор и функционални услуги, или да останат во област во која ќе има жестоки борби“.

Според Министерството за здравство на Газа, речиси 38.000 луѓе загинале во борбите. Во енклавата живеат околу 2,3 милиона луѓе.

„За ваша безбедност, мора веднаш да се евакуирате во хуманитарна зона“, објави на социјалните мрежи Авичај Адрае, портпарол на израелските одбранбени сили на арапски јазик.

Додека израелската воена операција против Хамас се одолжува во својот десетти месец, цивилите во Газа се притиснати во сè потесните делови на земјата поставувајќи шатори во урнатините на градовите, од кои веќе побегнале, или покрај морскиот брег.

Многу жители на Кан Јунис се преселија таму од Рафа, откако беше цел на Израел во мај, предизвикувајќи околу милион луѓе да избегаат за само неколку недели. Дотогаш Рафа беше последното прибежиште за цивилите во Појасот Газа.

Наредбата за евакуација дојде откога претходно во понеделникот беа лансирани најмалку 20 ракети од областа Кан Јунис кон израелските заедници, кои се граничат со Газа, според израелската војска.

Луиз Вотериџ, портпаролка на Агенцијата за помош и работа на ОН (UNRWA), која им помага на палестинските бегалци, рече дека наредбата за евакуација може да влијае на околу четвртина милион луѓе во Кан Јунис – од кои на многумина ќе им биде тешко да се евакуираат поради лошите временски и хуманитарни услови.

Дури и ако може да заминат, рече таа, не е јасно каде може безбедно да одат: „Дури и најздравите луѓе ќе се борат да се движат на овие температури со недостиг на храна и вода“. Таа додаде: „А каде да одат тогаш? Тоа е следното прашање“.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) „Сега речиси сите се бездомници“: Карибите под влијание на ураганот Берил, ветерот уништи сè што му се најде на патот

Објавено пред

Речиси секоја зграда на островот Унион, кој е дел од карипската островска држава Сент Винсент и Гренадини, беше срамнета или сериозно оштетена по моќниот ураган Берил.

dobivaj vesti na viber

„Островот е во ужасна состојба откако помина Берил. Речиси сите се бездомници. Ретко која зграда е оставена да стои. Куќите беа срамнети со земја, патиштата блокирани, електричните столбови лежеа на улиците“, рече Катрина Кој, која беше изненадена од размерот на уништување што беше пред неа.

Со неа се сложува и рибарот и водич Себастијан Сејли, пренесува „Индекс.хр“.

„Сè е изгубено. Во моментот немам каде да живеам“, рече тој.

На островот живее од 1985 година, па го преживеал и ураганот Иван во 2004 година, но вели дека Берил бил на друго ниво.

Најмалку шест лица загинаа, а пет се водат за исчезнати кога ураганот Берил го погоди југоисточниот дел на Карибите, пренесува „Танјуг“.

Три лица загинаа во Гренада, едно во Сент Винсент и Гренадини, а двајца загинаа на северот на Венецуела, каде што пет лица се водат за исчезнати, соопштија официјални лица.

„Овде е како торнадо да поминало. 90 отсто од островот беше збришан. Се засолнив со сопругата и ќерката и, искрено да ви кажам, не бев сигурен дека воопшто ќе се извлечеме“, истакна тој.

Во неговиот глас сè уште се видливи шокот и стравот, пишува Би-би-си.

Неговата роднина Ализе, која води хотел со своето семејство, го опиша ужасното искуство додека ураганот минувал низ нивниот град. Таа нагласи дека морало да стават мебел до вратите и прозорците за да не се отвораат од силниот налет на ветерот.

„Притисокот беше толку силен што можеше да го почувствувате во вашите уши. Можевме да слушнеме како покривот се распаѓа и удира во друга зграда. Кршење прозорци, поплави. Никој не знаеше дека ќе биде толку лошо, сите се трауматизирани“, потврди таа.

Себастијан поседува две фарми и има кошници со пчели, но сè е целосно уништено. Сепак, тој тврди дека сега приоритет е да се најде засолниште за жителите на островот. Луѓето се обидуваа да соберат дрвени и пластични фолии за да направат некакво привремено сместување за нивните семејства.

„И очигледно е дека ќе биде тешко да се најдат вода и храна“, убеден е Себастијан.

Ализе истакна дека на островот итно се потребни многу видови стоки, од конзервирана храна и млеко во прав до санитарни производи, комплети за прва помош, шатори и генератори.

Владата во Сент Винсент и Гренадини рече дека ја препознава големината на проблемот.

Во своето утринско обраќање премиерот Ралф Гонзалвес го сумира чувството на шок во оваа карипска земја.

„Опасниот и разорен ураган остави големо уништување, болка и страдање кај нашата нација“, рече тој.

Тој вети дека ќе дејствува што е можно побргу за да се справи со долгата листа на приоритети.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Филипче ја презеде функцијата Претседател на СДСМ: Oсвен темелни промени не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите

Денеска во седиштето на партијата, Венко Филипче ја презеде функцијата Претседател на СДСМ од поранешниот претседател Димитар Ковачевски. Ковачевски му...

Македонија6 минути

Нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесетмина со истечени договори си одат, Чибишев за нови ќе објави конкурс

На Токсикологија повеќе нема да работат осумнаесетте лица со истечени договори. Новиот директор на Клиниката, Андон Чибишев најави дека ќе...

Топ19 минути

Тешка сообраќајна несреќа кај граничниот премин Богородица, загина 35-годишник

Денеска во 00.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот од клучка Гевгелија кон Граничниот премин Богородица...

Македонија38 минути

За децата со посебни потреби, кои не може да следат редовна настава, министерката Јаневска најавува општински училишта со ресурсен центар

Тоталната инклузија во образовниот процес на децата со посебни потреби кај нас, министерката за образование, Весна Јаневска, смета дека е...

Македонија49 минути

Дамева: Граѓаните заслужуваат правда, не им е важно кои се членовите или претседателот на Судскиот совет, туку кој судија останува во судница

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева не ја поддржува тезата за колективна одговорност и смета дека индивидуалната одговорност мора да...

Македонија1 час

Јаневска: Волшебно стапче да имаме до септември нема да можеме да обезбедиме учебници за седмо одделение

Ниеден учебник за седмо одделение не е даден на печатење, вели министерката за образование, Весна Јаневска. Иако јавно беше соопштено...

Македонија2 часа

Паднати дрвја, оштетени возила, повредено лице – невремето ги зафати Скопје, Струмица, Битола, Гевлегија, Валандово

ЦУК: 2.381 повици на 112 во последното деноноќие, повеќето за штети и опасности настанати од невремето во Скопско, Струмичко, Битолско,...

Македонија2 часа

Се враќаат оградата околу Владата и Коце Трајановски во политиката – 2016 година никогаш не била поблиску, велат од СДСМ

Според СДСМ, само по неколку владини одклуки и една шака нови функционери, јасно е кој правец го фати ВМРО-ДПМНЕ. Тоа...

Свет3 часа

Лукашенко: Белоруските трупи се во состојба на готовност

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека безбедноста на државната граница е зајакната, а одредени војници се ставени во состојба...

Свет3 часа

Се урна зграда, загинаа најмалку 14 лица во Египет

Најмалку 14 лица загинаа, а шест се повредени при уривање трикатна зграда во јужниот дел на Египет. Инцидентот се случил...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Со платите што досега беа за економските директори ќе се подобруваат здравствените услуги

Владата ги укина економските директори во здравствените установи, парите ќе одат кон подобрување на здравствените услуги, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. На...

Свет4 часа

Бајден за дебатата: Не го слушав мојот персонал, за малку ќе заспиев на сцената

Американскиот претседател Џо Бајден го обвини „џет-легот“ за неговите лоши перформанси на минатонеделната дебата на Си-ен-ен. Тој им рече на...

Македонија4 часа

СДСМ: Нема никогаш да ги прифатиме повиците на лажните патриоти од ЗНАМ, не не плашат ќорците на тројанскиот коњ Максим Димитриевски

Вистинските социјалдемократи кои се борат со срце и со душа за остварување на социјалдемократските вредности нема никогаш да ги прифатат...

Македонија19 часа

Димовски, Пандов, Клековски, Миланов и Трајанов нови директори на пет државни институции

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа втората седница на која се донесоа повеќе одлуки, меѓу кои и одлука...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски ќе ја враќа оградата околу владината зграда

На денешната втора седница, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука да ја врати металната ограда околу владината зграда. Оградата...

Македонија22 часа

Лога: Никој не може да им го забрани на албанските граѓани користењето на нивното национално знаме

Никој не може да им го забрани на албанските граѓани на Северна Македонија користењето на нивното национално знаме, а уште...

Македонија24 часа

Самарас: Мицотакис да стави вето за Албанија, а за Скопје вето на секој чекор и повлекување од преспанскиот договор

Премиерот Киријакос Мицоракис веднаш да ја промени надворешната политика, порача поранешниот грчки премиер, Андонис Самарас. Тој го повика Мицотакис да...

Македонија1 ден

Деспотовски нема да бара апанажа: Ако сме способни за функции и ако сме оставиле чист образ, можеме да се снајдеме понатаму

Досегашниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, кој извести дека утрово поднел оставка од функцијата, вели дека нема да бара апанажа....

Македонија1 ден

(Видео) Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб

Вратено е македонското знаме на врвот Голем Кораб. На социјалните мрежи е објавена снимка од промената на знамето.   View...

Македонија1 ден

Муртезини го помеша евроамбасадорот Дејвид со Ричард Гир, па се пошегува на своја сметка

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, направи гаф кога, наместо евроамбадорот Дејвид Гир, го кажа името на познатиот актер со...