Македонија
Одбележување на 75-годишнината од егзодусот на Македонците во егејскиот дел
Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од егејскиот дел на Македонија „Македпон“ годинава ја одбележува 75-годишнината од егзодусот на Македонците од егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.
Одбележувањето е во рамките на шестата светска средба на децата бегалци и насилно прогонетите Македонци од егејскиот дел на Македонија, која се одржува преку целата 2023 година на сите настани што ги организираат сите здруженија на Македонците од егејскиот дел на Македонија, велат организаторите на настанот.
Чествувањето ќе се одржи на 1 јули 2023 година (сабота) во 10 часот со полагање цвеќе пред Споменикот на децата бегалци во Паркот на жената борец карши Собранието на Македонија и во 12 часот со одржување академија во Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ.
На академијата во МАНУ реферат ќе поднесе проф. д-р Тодор Чепреганов, поздравни говори ќе одржат претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од егејскиот дел на Македонија, Александар Јаневски, и почесните претседатели на шестата светска средба, неговото високопреподобие архимандрит Никодим Царкњас и Ташко Јованов, а поздравни телеграми ќе се прочитаат од претседателот на МАНУ, проф. д-р Љупчо Коцарев, и почесниот претседател на шестата светска средба, Лефтер Манче, од Канада.
Од академијата ќе биде упатена посебна резолуција од насилно прогонетите Македонци од егејскиот дел на Македонија до институциите на власта на државата Македонија и меѓународните организации!
Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од егејскиот дел на Македонија упатува јавна покана до сите Македонци за масовно учество на двата настана – во 10 часот во Паркот на жената борец и во 12 часот во МАНУ. Добредојдени се сите заинтересирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ спроведе засилени контоли кај операторите со храна во близина на училиштата
Во рамки на 445 инспекциски контроли спроведени во последните десетина дена, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрече 15 забрани за вршење на дејност на оператори со храна, додека 696 килограми небезбедна храна од непознати добавувачи беа запленети и уништени, соопшти АХВ.
Контролите биле насочени особено кон објектите во непосредна близина на основни и средни училишта, од каде учениците најчесто купуваат храна.
Инспекциските проверки откриле дека 19 оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 30 се утврдиле незадоволителни хигиенски услови, а од вкупно контролираните, 26 оператори не биле регистрирани во АХВ.
„16 оператри немале имплементирано процедури за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а дури 32 немале спроведено задолжителен здравствено-саниратен преглед на вработените лица. Тројца оператори немале спроведено задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, а 7 од контролираните објекти не ги задоволувале техничките услови за вршење на дејноста. Несоодветно означена храна со контролите била затекната кај седуммина оператори со храна“, стои во соопштението на АХВ.
За утврдените неправилности, АХВ изрече парични казни за 77 оператори во вкупна вредност од 36.470 евра. Издадени се 103 решенија за отстранување на недоследностите и 23 опомени.
Македонија
Денеска сончево, од утре голема промена на времето
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -3 до 5, а максималните од 16 до 20 степени целзиусови.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде 1, а максималната 16 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утре облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Македонија
ЦУК: Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла
Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
„Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево. Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Р.С.Македонија“, стои во известувањето од ЦУК.

