Свет
Си-ен-ен: Суровикин бил таен ВИП-член на „Вагнер“, нема глас од рускиот генерал

Документите што ги видел Си-ен-ен укажуваат дека рускиот генерал Сергеј Суровикин бил таен ВИП-член на приватната воена група „Вагнер“, објавија медиумите.
Според документите, Сергеј Суровикин имал личен регистарски број во „Вагнер“, како и најмалку 30 други високи руски воени и разузнавачки функционери.
„Вагнер3 не одговори на барањето на Си-ен-ен за коментар.
Суровикин не е виден во јавноста од минатата сабота кога објави видео во кое го повикува шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, да го запре бунтот на приватната воена група. Не се знае каде е Суровикин, а некои медиуми објавија дека тој бил уапсен во изминатите неколку дена.
Суровикин е командант на руските воздухопловни сили и заменик-командант на руските трупи во Украина, а го добил прекарот генерал Армагедон поради неговата безмилосна тактика на бомбардирање градови во Сирија.
Вчера, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на новинарски прашања за тоа каде се наоѓа генералот Суровикин, препорача да се контактира Министерството за одбрана.
На прашањето дали е познато моментното место на живеење на Суровикин и дали Кремљ може да ги потврди извештаите за апсењето, тој нагласи дека нема што да каже, освен она што веќе беше кажано на оваа тема.
„Во однос на сите структурни единици во рамките на Министерството, ве молиме, контактирајте го Министерството“, рече Песков.
Претходно „Њујорк тајмс“ објави дека Суровикин однапред знаел за бунтот и дека руските власти проверуваат дали тој е соучесник, а порталот „Москов тајмс“ објави дека Суровикин е уапсен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Нападот врз Киев е најтешкиот од почетокот на војната

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека во текот на ноќта Киев бил погоден од еден од најтешките напади од почетокот на војната, додека Русија употребила повеќе од 440 беспилотни летала и 32 проектили во масивна офанзива.
Зеленски на мрежата „Икс“ изјави дека биле нападнати и регионите Одеса, Запорожје, Чернигов, Житомир, Кировохрад, Николаев и Киев.
Во Киев се оштетени згради во осум области, а спасувачките тимови трагаат по преживеани под урнатините на станбена зграда.
„Се уште не е јасно колку луѓе се заробени. Русите уништија цел дел од зградата“, рече Зеленски.
Според досегашните податоци, најмалку 15 лица загинале, а 75 се повредени.
„Сите повредени ја добиваат потребната помош“, додаде украинскиот претседател.
Зеленски ги нарече нападите „чист тероризам“ и ги повика меѓународните партнери, вклучително и САД и ЕУ, да реагираат поодлучно.
„Путин ја продолжува војната затоа што верува дека може да си ја дозволи. Светот не смее да замижува. Терористите мора да ги почувствуваат последиците, а не невините цивили“, рече Зеленски.
Свет
Иран ја критикува заедничката изјава на Г7

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи ја критикуваше групата Г7 за, како што рече, неуспехот да се справи со незаконската и бесрамна израелска агресија против Иран.
Во изјавата објавена на социјалната мрежа „Икс“, Багаи ја обвини Г7 дека ги игнорирала нападите, за кои Техеран тврди дека резултирале со цивилни жртви и оштетување на јавната инфраструктура.
Лидерите на Г7 вчера во заедничка изјава ја потврдија својата поддршка за правото на Израел на самоодбрана.
„Потврдуваме дека Израел има право да се брани… Иран е главниот извор на нестабилност и терор во регионот“, се вели во соопштението.
Групата повтори дека „Иран никогаш не смее да има нуклеарно оружје“ и повика на решение за иранската криза што придонесува за поширока деескалација, вклучително и прекин на огнот во Газа.
Багаи ги повика постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, особено оние во Г7, да ги исполнат своите законски и морални обврски според Повелбата на ОН.
„Израел започна неиспровоцирана агресивна војна против Иран“, рече Багаи, обвинувајќи го за кршење на членот 2(4) од Повелбата и меѓународните норми кои ги штитат нуклеарните постројки во време на мир.
Тој предупреди дека континуираната неактивност на Советот за безбедност може да го поткопа кредибилитетот на ОН и повика на итен прекин на непријателствата и одговорност за кршење на меѓународното право.
Свет
Маск ги објави резултатите од тестот за дрога

Американскиот мултимилијардер Илон Маск на социјалната мрежа „Икс“ ги објави резултатите од тестот за дрога.
„Лол“, напиша Маск споделувајќи фотографија од резултатите од тестот, на која се гледа дека тој не бил позитивен на ниеден од тестираните лекови.
„Њујорк тајмс“ неодамна објави дека Маск за време на минатогодишната изборна кампања зел значителни количини кетамин, „екстази“ и халуциногени печурки.
Маск, извршниот директор на „Икс“, „Тесла“ и „Спејс икс“, претходно јавно изјави дека користи мали дози кетамин за борба против депресивните тенденции и дека тоа му помага да работи поефикасно. „Њујорк тајмс“ ја базира својата статија на приватни пораки и интервјуа со повеќе од 10 луѓе што го познаваат Маск или работеле со него.
„Волстрит џурнал“ минатата година објави дека Маск повремено користел дрога во минатото. Некои членови на одборот на „Тесла“, неговата компанија за електрични возила, беа загрижени за неговата употреба на дрога, вклучително и „амбиен“ за лекување проблеми со спиењето.