Контакт

Економија

Потпишан договорот за инвестициски грант од 1,5 милион евра

Објавено пред

АД „Електрани на Северна Македонија, денес потпиша договор за инвестициски грант за проектот „Фотонапонска електрана Осломеј 1“ со водечката меѓународна финансиска институција – Европска банка за обнова и развој, добиен преку инвестициската рамка за Западен Балкан.

dobivaj vesti na viber

„Инвестицискиот грант во вредност од над 1,5 милион евра предвидено е да биде искористен за финансирање на ставките од грантот, во согласност со договорот за набавка и поставување на фотонапонска електрана ‘Осломеј 10 MW’, склучен помеѓу АД ЕСМ – Скопје и реномираната турска компанија ‘Гиришим електрик’, потпишан во ноември 2019 година“, изјави во денешното обраќање генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Стефанов.

„Целта на инвестицискиот грант е да обезбеди поддршка во финансирањето на трошоците за фотонапонската електрана, кои вклучуваат набавка на опрема, градежни работи и работи поврзани со инсталација на опремата“, додаде Стефанов.

Нагласи дека поддршката и соработката со институции како ЕБОР е од клучно значење и ќе придонесе за побрза и полесна транзиција кон зелената агенда за Западен Балкан, со заложбата за транзиција кон чиста енергија, која има цел намалување на емисиите на стакленички гасови за 61 процент.

„Северна Македонија е земја на сонцето. Оттука, изградбата на соларниот фотоволтаичен проект од 10 MW на местото на поранешниот рудник за јаглен во Осломеј е природен и логичен чекор за енергетскиот премин на земјата од фосилни горива кон обновливи извори. Со користење на сончевата енергија за создавање чиста енергија овој проект ќе ѝ помогне на Северна Македонија да обезбеди многубројни придобивки вклучувајќи почист воздух и поголема енергетска безбедност, независност и отпорност. Ние во ЕУ се гордееме што ја поддржуваме оваа земја на нејзиното многу важно патување кон почисто и побезбедно снабдување со енергија, заедно со ЕБОР и другите развојни партнери“, изјави амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.

„Денешното потпишување на договорот помеѓу ЕСМ и ЕБОР за инвестициски грант од 1,5 милион евра, наменет за поставување фотонапонска електрана во ТЕЦ ‘Осломеј’, е во насока на имплементација на зелената агенда и енергетската транзиција. Проектот е успешно поставен и тоа е препознаено од ЕУ, која ги доделува овие грант-средства, кои се од даноците на граѓаните на ЕУ, а со што се намалува заемот обезбеден за реализација на проектот од ЕБОР. Проектот, чија вредност е 5,9 милиони евра, значи генерирање енергија со трансформација на постојните технологии на јаглен во обновливи извори на енергија. Користење на природната сончева енергија за производство на електрична енергија, создавање одржлив раст и развој и постигнување поквалитетен живот за нас и идните генерации. Тоа е дел од нашата европска иднина, која не значи само носење закони, туку правење реални промени на условите за живеење. Ова е чин што ја одбележува солидарноста на ЕУ, на вредностите што ги споделуваме со земјите од ЕУ и граѓаните од ЕУ, а каде што припаѓа и нашата земја“, истакна министерот Бесими.

„Ние сме заинтересирани да продолжиме да работиме со Северна Македонија на намалување на нејзината зависност од застарената инфраструктура на јаглен. По успешното завршување на фотонапонската електрана „Осломеј 1“, возбудени сме што гледаме дека Владата продолжува со инвестиции во соларна енергија и остануваме подготвени да обезбедиме дополнителна поддршка доколку е потребно“, изјави директорот на Европската банка за обнова и развој за Република Северна Македонија, Анди Аранитаси.

Фотонапонската електрана „Осломеј 1“ со моќност од 10 MW  во април минатата година почна да ги произведува првите количини чиста и зелена електрична енергија од сонце.

Фотонапонската електрана изградена во кругот на РЕК „Осломеј“ e прв пример на енергетска транзиција во Југоисточна Европа, каде што електричната енергија ќе се произведува од сонце преку панели поставени на просторот врз стариот и исцрпен рудник за јаглен. Таа е прва во низата електрани што треба целосно да го заменат досегашниот инсталиран капацитет на РЕК „Осломеј“.

Фотонапонскаат електрана „Осломеј“ предвидено е да има годишно производство од 15 до 17 гигават-часа електрична енергија, да исфрли 13.000 тони емисии на CO2 годишно и да ги обезбеди потребите за струја на околу 2.800 домаќинства, но истовремено се прави рекултивација и облагородување на 19 хектари површина необработливо земјиште.

Економија

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Објавено пред

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.

dobivaj vesti na viber

На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.

Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash

Прикажи повеќе...

Економија

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Објавено пред

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.

dobivaj vesti na viber

Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.

„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.

Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.

dobivaj vesti na viber

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.

„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија12 часа

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија14 часа

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија14 часа

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ15 часа

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет16 часа

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија17 часа

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...

Македонија18 часа

ЦУК со нови информации: Излеани реки, поплавени подрумски простории, земјоделски површини и дворови, пријавени свлечишта на патишта

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање...

Топ18 часа

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума...

Европа19 часа

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина...

Свет19 часа

(Видео) Федералните агенти застрелаа две лица во Портланд

Федерални агенти застрелаа две лица за време на сообраќајна контрола во Портланд, Орегон, вчера. Инцидентот се случи само еден ден...

Свет21 час

(Фото) Филипини: Еден загинат и 38 исчезнати откако се сруши депонија, лавина од отпад затрупа село

Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија за отпад на Филипините, предизвикувајќи лизгање на...

Свет21 час

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија...

Европа21 час

(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина...

Македонија21 час

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните...

Македонија21 час

Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот...

Македонија1 ден

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија1 ден

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија2 дена

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...