Македонија
(Видео) СДСМ бара оставка од Мицкоски поради случајот со „Скопје 2014“

Случајот „Феникс“ кој беше објавен вчера уше еднаш покажа дека ДПМНЕ е криминална партија која безмилосно го пљачкала народот под превезот на таканаречениот патриотизам, рече пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.
Како што кажа, поранешниот премиер и сега почесен претседател на ДПМНЕ, Никола Груевски, неговата десна рака Зоран Ставревски, екс министерската Елизабета Канчевска – Милеска, двајца градоначалници од редовите на ДПМНЕ се товарат дека го оштетеле државниот буџет за 16 милиони евра, преку спомениците во проектот Скопје 2014.
„Цела недела од незаконски стекнатиот Бел дворец ги прозиваа независните судски органи, повикуваа на оставки, а денес кога на површина излегува нов криминал на ДПМНЕ, никаде ги нема. Вчерашниот предмет е уште еден доказ дека Скопје 2014 е мегакриминален проект чија реализација имаше за цел богатење на одредена група луѓе околу Груевски. Замислете, група од ДПМНЕ перела пари, преку грбот на македонскиот народ, но и преку грбот на великанот Гоце Делчев, преку Александар Македонски, преку Цар Самоил, преку Гемиџиите“, рече Костовски.
Од партијата прашаа дали по вчерашниот последен случај Христијан Мицкоски ќе поднесе оставка затоа што, како што кажа Костовски, е лидер на криминална партија за чии функционери постојано се отвораат предмети за сторен криминал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце се чека 40 минути

Зголемена е фреквенцијата на возила во земјава. На граничниот премин „Табановце времето на чекање за излез е околу 40 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Пет активни пожари, најтешки за гаснење во Јасен и Јажинце, вели Ангелов

Екипи на ЈП „Национални шуми“, ЈП „Јасен“ и на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) го гаснат пожарот во повеќенаменското подрачје „Јасен“ каде е зафатена мешана шума. Како што информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, ставени се во функција и се користат сите можни ресурси.
Активен е и пожарот во Јажинце иако досега неколкупати бил ставен под контрола. Според Ангелов, овој пожар се уште е закана за некои од околните села и затоа на магистралниот пат што од Тетово води кон граничниот премин „Јажинце“ се поставени возила, како бариера – да го сопрат огнот. Ангелов очекува во текот на денешниот ден пожарот да биде изгаснат. Притоа предупреди дека еден дел се шири кон Скопје, село Дворце, во општина Сарај каде на терен се наоѓа екипа на БППЗ.
Покрај овие два, кои се најтешки за гансење, како што истакна Ангелов, има уште три активни пожари.
-На територија на цела држава има пет активни пожари на отворен простор, од кои два се сериозни за гаснење. Првиот пожар е во ловиштето „Јасен“ каде рано утрово со дејство почнаа 30 припадници на специјалните единици „Волци“ и „Ренџери“, а присутни на терен се екипи на ЈП „Национални шуми“, на ЈП „Јасен“ и на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ), иако во текот на вчерашниот ден воспоставивме делумна контрола врз овој тежок за гаснење пожар, изјави од терен Ангелов. Додаде дека утрово добил фотографии од кои се гледа дека еден дел од пожарот пак е активен и гори, изјави директорот на ДЗС.
Стратегијата е, како што рече, пожарот да биде пресретнат и стопиран и во текот на денов да се стави под делумна контрола.
Ангелов потсети дека пожарот во атарот на Јажинце, општина Јегуновце, вчера бил целосно изгаснат, но ноќта повторно се активирал.
-И покрај тоа што со пешадиско гаснење некаде по полноќ до 2 -3 часот наутро успеавме да изгаснеме една линија подолга од еден километар, сепак, утрово, пак, се активира кракот во насока кон Шар Планина. Претставуваше и се уште претставува закана за некои од овие села, иако на магистарлниот пат кој од Тетово води кон ГП Јажинце се поставени возила. Доколку огнот дојде до патот, ќе биде сопрен, појасни Ангелов.
Македонија
(Вознемирувачко видео) Полицијата на раце носи жена што се обиде да се самоубие скокајќи во Вардар

Денеска (16.08.2025) околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека во реката Вардар во Скопје, под мостот на ул. “Војвода Васил Чакаларов” има женско лице.
Од страна на полициски службеници од ПС Карпош веднаш е постапено по пријавата и по пристигнување на местото на настанот, било утврдено дека лицето дава знаци на живот и од страна на полициските службеници жената е извадена од реката, по што со Итна медицинска помош е пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје за укажување на помош.