Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: фондот за иновации предводен од кадар на ДУИ му доделувал пари на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети
Скандалите поврзани со кланот Зајас немаат крај. Внукот на Али Ахмети, младиот Дрин Ахмети со „претприемачки дух“, добивал и државни пари од Фондот за иновации, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Освен концесија за каменолом, концесија за хидроцентрала, трговски центар без потрошен денар, внукот на Али Ахмети се пробал и како иноватор. Од фондот за иновации добил 82 илјади евра. Имено 10 мај 2022 година две фирми на Дрин Ахмети, „Тор индустрис“ и „Еверест ЏД“ добиле државни пари за кофинансирање на иновации.
Патем, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, Фондот за иновации од јануари 2022 година го води кадарот на ДУИ, Фестим Халили, кој според фотографиите кои излегоа во медиумите важи за близок пријател со семејството на Дрин Ахмети.
„И од толку многу млади и иновативни луѓе во Македонија, токму на внукот на Али Ахмети му биле доделени пари од страна на институцијата водена кадарот на Али Ахмети. За ова мора да реагираат надлежните институции. За ова мора да има и одговорност. Ковачевски молчи и бега од одговори, затоа што не смее да им писне на газдите од Зајас и Мала Речица. Но колку тој бега од одговори толку побрзо и него и неговите газди ќе ги стаса казната од народот, а потоа ќе следи одговорност за секој проневерен денар од народните пари и за секој криминал“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Џафери: Успеавме во заложбите, македонскиот јазик да биде рамноправно прифатен меѓу официјалните јазици во EУ, се продолжи и делото на Свети Кирил и Методиј
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во името на Владата и во свое име, го честиташе 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и патронен празник на Универзитетот „Свети Кирили и Методиј“ во Скопје, на ректоката, Биљана Ангелова, на деканите, продеканите, професорите, сенаторите, на студентите на универзитетот и на граѓаните.
Денешниот двоен празник, повикува на упорност и верба во науката и во образованието, како стожерни двигатели на развојот на современа и европска држава, каква што сите посакуваме и целиме да биде Република Северна Македонија. Таквата водечка улога во овој процес му доликува на првиот државен универзитет „Свети Кирил и Методиј“, еден од столбовите на македонската државност и на вас како продолжувачи, и сегашни и идни наследници, на просветителското дело на светите браќа Кирил и Методиј.
Затоа што, како што вели и Свети Климент Охридски за неговите учители „тие со добар подвиг и со цврска вера, минаа како сонце, осветлувајки ги темните места со своите стапки“. Не била лесна битката на Браќата Кирил и Методиј, кои во времето кога постоеле само три привилигирани јазици, успеале да го внесат словенскиот јазик на рамнправно рамниште со нив. Со тоа започнува да се развива и современата македонска писменост.
И нивното инспиративно дело е и треба да биде патоказ како може и треба да се работи во остварувањето свети цели.
Како генерации на денешнината и посебно последниве неколку години, успеавме во заложбите македонскиот стандарден јазик да биде рамноправно прифатен меѓу официјалните јазици и во Европската Унија и се продолжи и делото на Свети Кирил и Методиј како темелници на европскиот интеркултурализам. На вас е со поголеми сили и да продолжите да се вложувате во науката и образованието. Споделувајте го знаењето и бидете гласни и храбри пред политиката, во развојот на научнообразовната дејност и во нејзиното место во општеството, затоа што вашето влијание е потребно во одржувањето на демократските текови на современа и европска Република Северна Македонија“, напиша премиерот Џафери.
Македонија
Сиљановска Давкова по повод Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј: Тие се наш патоказ за иднината
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј.
„Од сè срце ви посакувам празникот да го поминете во добро здравје, љубов и хармонија, исполнети со радост и со среќа што имаме можност да ги ползуваме плодовите на великото дело на солунските браќа. Благодарение на нив, словенските народи добија можност да ја развиваат својата духовност, култура, образование, наука. И македонската јазична и културна самобитност, но и светогледот и космополитизмот се втемелени од нивната работа и достигнувања, и од нивното човекољубие.
Светите Кирил и Методиј покажаа дека со знаење, жед за вистината, правдољубивост, посветеност, хуманизам и благородност, можат да се надминат ограничувањата и да се победат неправдите. Историјата на Европа и на светот нема премногу примери на така влијателни личности коишто имаат оставено печат на своето време, но и патоказ за иднината и кои се светилници на човечката цивилизација. Затоа нивното дело и по еден цел милениум не бледнее и не губи на значење.
Нека подвигот на светите браќа и понатаму бидe наш патоказ и морална и духовна вертикала за достоинствено и исполнето живеење, творење и создавање“, напиша Сиљановска Давкова.
Македонија
Одбележување на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј
Со повеќе настани денеска во земјава се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи.
Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите.
Државно-црковната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во Рим и во Ватикан каде што ќе се поклони на гробот на Свети Кирил, во рамки на манифестацијата „Ден на светите Кирил и Методиј“, а имаше и аудиенција кај папата Франциск.
Во согласност со Законот за празниците во земјава, 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј е државен празник и неработен ден за сите граѓани.