Македонија
Иванов: Кога ќе почне да дејствува комисијата, ќе ги кажеме нашите идеи за уставни измени во Македонија
Христо Иванов, копретседавач на „Демократска Бугарија“, ја дефинираше можноста Бугарија да ја промени својата позиција за преговарачката рамка со Македонија како целосен апсурд. Тој за БНР соопшти дека ваква тема не се отвора.
„Бидејќи некои сили потфрлија во нивната пропаганда на темата со Северна Македонија и гледаат дека нема преговори со Европската Унија, тие мислат дека имало некакви преговори и нови отстапки. Постои прифатена преговарачка рамка за преговори со Република Северна Македонија, во која се опишани и бугарските услови и механизмите за одлучување. Не може повторно да се преговара, тоа е остварен факт“, рече тој.
Христо Иванов коментира дека во последните години Бугарија доживеала целосен неуспех во т.н јавната дипломатија во односите со Северна Македонија. Според него, Бугарија покажала неспособност да не се стави во деструктивна улога и изрази надеж дека министерката за надворешни работи Марија Габриел ќе го промени правецот на однесување кон соседите.
„Имаме многу добра европска рамка која дава можности за ги гарантираме правата меѓусебно, но има и други алатки што треба да ги примениме. Тие треба да се применуваат ефективно, а не контрапродуктивно“, додаде тој.
Кога ќе почне да дејствува собраниската комисија за измени на уставот, тогаш ќе бидат претставени долго подготвените идеи на „Демократска Бугарија“, најави Иванов во одговор на прашање.
„Имаме подготвено текстови за уставни измени, се надевам дека следната недела комисијата ќе биде ставена на дело, а потоа ќе ги презентираме нашите идеи“, посочи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од (село Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот, извести АМСМ.
Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п.Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30 метри, Ѓавато до 100 метри и планинскиот превој Крушево до 40 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.

