Свет
Поранешниот претседател на Грузија го шокира светот: Саакашвили стана кожа и коски во затворот

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили се појави на телевизија првпат по неколку месеци.
55-годишникот беше речиси непрепознатлив и бледа сенка на себе кога се појави преку видеоврска на сослушувањето во понеделникот.
Health fears over jailed former Georgia president after video appearance https://t.co/36B18lttmv
— The Guardian (@guardian) July 4, 2023
Лекарите рекоа дека Саакашвили е изложен на ризик да умре од состојба што ја развил додека бил во притвор, иако грузиските власти велат дека добил соодветна медицинска нега.
Појавувајќи се преку видеоврска на судското рочиште под обвинение за злоупотреба на службената положба, Саакашвили ја подигна кошулата.
„Потполно невин човек се држи во притвор. Јас не направив никакво кривично дело“, рече тој во извештајот што се емитуваше во живо на неколку независни ТВ-канали.
Тој се наоѓа во цивилна болница, каде што беше префрлен минатата година откако почна 50-дневен штрајк со глад во знак на протест поради неговиот притвор.
„И да ме ставите во затвор, нема да ме скрши. „Ќе бидам активно вклучен во грузиската политика“, рече тој.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски сака Саакашвили, кој доби украинско државјанство во 2019 година, да биде префрлен во клиника во Украина или на Запад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Авион со 50 патници исчезна над Русија

Руската контрола на воздушниот сообраќај објави дека изгубила контакт со патнички авион Ан-24 во кој се наоѓале околу 50 лица, објави Ројтерс, повикувајќи се на руски извори.
Според информациите од порталот SHOT, авионот, управуван од авиокомпанијата Ангара, летал кон градот Тинда, во регионот Амур на крајниот исток од Русија, во близина на границата со Кина.
Се верува дека авионот исчезнал само неколку километри пред неговата дестинација.
Регионалниот гувернер, Василиј Орлов, изјави дека според прелиминарните податоци, во авионот имало 43 патници, меѓу кои пет деца, и шест членови на екипажот.
„Сите расположиви сили и ресурси се насочени кон потрага по авионот“, напиша тој на Телеграм.
Фото: принтскрин
Свет
Тајландската армија на Фејсбук: Ова е местото кое беше погодено од камбоџанските ракети

Тајландската армија објави фотографии на Фејсбук од местото кое наводно било погодено од ракета од камбоџанските сили.
Во објавата, армијата соопшти дека три лица се повредени откако камбоџански ракети го погодија округот Кап Чоенг во покраината Сурин – област близу до границата меѓу двете земји.
Фото: принтскрин
Свет
Камбоџа: Чинот на Тајланд е брутална и незаконска воена агресија

Министерството на националната одбрана на Камбоџа издаде соопштение во кое го обвинува Тајланд за распоредување преголем број војници, користење тешко оружје и изведување воздушни напади во обид насилно да се заземе територија на Камбоџа, јавува Би-би-си.
Министерството го опиша чинот на Тајланд како „брутална и незаконска воена агресија“ и „очигледно кршење на Повелбата на Обединетите нации, нормите на АСЕАН и основните принципи на меѓународното право“, според извештајот на медиумите Khmer Times.
Исто така тврдат дека тајландските борбени авиони фрлиле две бомби на територијата под контрола на Камбоџа.
„Овие нелегални и неодговорни дејствија не само што претставуваат сериозна закана за регионалниот мир и стабилност, туку и ги поткопуваат темелите на меѓународниот поредок“, изјави портпаролката на министерството Мали Сочеата. Министерството дополнително предупреди дека војската е целосно подготвена да го брани суверенитетот на Камбоџа „по секоја цена“.
Тајланд ги затвора сите гранични премини кон Камбоџа
Тајланд ги затвора сите гранични премини кон Камбоџа, објави воен функционер.
Борбите се водат во шест области долж спорната граница, според воениот функционер Сурасан Конгсири. Тројца цивили се тешко ранети, вклучувајќи и петгодишно момче, додаде тој.
Фото: принтскрин