Црна хроника
Уапсени двајца битолчани, кај нив пронајден „трамадол“ и бланко-рецепти
Полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода 25-годишниот Р. Р. и 19-годишниот Е.вР. од Битола, извести МВР.
„При преглед на патничко возило ‘ауди’, со битолски регистарски ознаки, управувано од Р. Р., биле пронајдени и одземени седумдесет и три пакувања и шест ленти – кластери ‘трамадол’, како и бланко-рецепти“, извести МВР.
Лицата се приведени во Полициската станица Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело по член 212 од Кривичниот законик и по документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тепачка во скопска фирма, еден заврши со убодна рана од нож, а тројца се повредени
Во петокот околу 14,30 часот, полициски службеници од полициското одделение Петровец ги привеле А.А. на 26 и Ј.Б. на 24 години, и двајцата од скопското село Катланово, поради сомнение дека пред фирмата во која работеле во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец учествувале во физичка пресметка.
Во тепачката Ј.Б. употребил остар предмет и му нанел убодна рана на Н.М., кој бил пренесен во Компексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Притоа, со повреди се здобиле Е.М., Р.Б. и С.Ќ., сите вработени во истата фирма.
Црна хроника
Разбојник заврши во притвор, со пиштол ограбил банка во Скопје
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска во 13.45 часот го лишиле од слобода М.К. (31) од Скопје осомничен дека на 04.06.2024 во 11.50 часот извршил кривично дело разбојништво односно со закана со пиштол кон вработените во експозитура на банка во Скопје, одзел пари.
Како што соопштија од МВР, извршен е и претрес во домот на М.К., а против него е поднесена кривична пријава по брза постапка, по што од страна на надлежен судија му е одреден притвор од 30 дена.
Црна хроника
Кумановец со уцени и закани изнудил 16.000 евра од жена
Во Куманово е приведен 37-годишен маж кој со уцени и закани изнудил 16.000 евра од негова сограѓанка и од нејзиниот сопруг.
Вчера во 04.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.М.(37) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на 47-годишна жена од Куманово и нејзиниот 49-годишен сопруг и дека од декември 2022 година до 13.06.2024 со уцена од жената изнудил околу 16.000 евра.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.