Црна хроника
Акциски контроли на полицијата со девизните инспектори во Прилеп, четворица уапсени

Четири лица се лишени од слобода во вчерашната контрола на подрачјето на Прилеп во рамките на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, извршена од полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп, во соработка со инспектори од Државниот девизен инспекторат, со цел откривање на кривични дела од Законот за девизното работење.
„При контролата биле затекнати 4 лица, кои неовластено вршеле размена на странски и домашни валути со други лица. Притоа, М. Т. (61), Ј. К. (65), С. Ѓ. (53) и В. М. (67), сите од Прилеп, биле лишени од слобода поради сомнение за извршено кривично дело неовластено продавање или купување готовински странски и платежни средства и чекови и кај нив се пронајдени и привремено одземени вкупно 1.545.097 денари во разни валути“, извести МВР.
По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Прилеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
На тераса во Кочани украден паричник од 90-годишен маж

90-годишник од Кочани синоќа пријавил кражба што се случила околу 21:30 часот на терасата од неговата семејна куќа.
Според пријавата во ОВР Кочани, едно лице му го одзело паричникот во кој имало пари и лични документи.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Норвежанец приведен на аеродромот во Скопје, се однесувал агресивно

44-годишен државјанин на Норвешка бил приведен ноќеска на Меѓународниот аеродром Скопје, откако за време на летот од Осло до Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при обид полициските службеници да разговараат со него, мажот продолжил да се однесува агресивно и кон нив, попречувајќи го извршувањето на службените дејствија.
Лицето било приведено, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
46-годишна жена физички нападната од својот партнер

Четириесет и шестгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната од својот партнер во домот каде што престојува, на подрачјето на општина Кисела Вода.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 6 јуни околу 22:00 часот, а пријавата била поднесена во СВР Скопје на 7 јуни, околу 02:30 часот. Осомничениот С.А. (50) оштетил и дел од покуќнината.
Од МВР информираат дека се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава против сторителот.