Забава
Модна недела во Париз: ревиите продолжуваат по немирите
Славните личности и дизајнери ја почнаа Париската недела на висока мода, која се одржува во заднина на петдневното насилство во градот.
Американската рап-ѕвезда Карди Би, пејачката Камила Кабело и актерката Мејзи Вилијамс се меѓу присутните на престижниот моден настан во француската престолнина.
Но, по сериозните граѓански немири, постои одредена нелагодност поради искажување материјализам за ултрабогатите.
Некои велат дека модните писти и коктел-забавите треба да се откажат, а други велат дека луѓето од светот на модата се глуви.
Раководителката на одделот за мода на „Телеграф“, Лиза Армстронг, напиша: „Овие намирисани клиенти, пренатрупани со дијаманти, без никаков допир со реалноста, изгледаат чудно, дури и во нормални времиња, но оваа недела изгледаат надреално глуви“.
Таа додаде дека еден од присутните забележал: „Прилично е чудно да се види како големите француски брендови не признаваат што всушност се случува во нивната земја“.
Насилството во Париз и другите француски градови беше предизвикано од убиството на 17-годишно момче, но се чини дека ситуацијата се смири до понеделникот.
Во понеделникот и вторникот беа претставени првите колекции на висока мода – најелитната гранка на модната индустрија, каде што фустаните се кројат по мерка на клиентите и се изработуваат за неверојатни суми.
Ѕвездата на „Црниот Пантер“, Лупита Нионго, на ревијата на „Шанел“ во вторникот.
Некои брендови, како „Клои“, ги откажаа забавите за време на викендот, но само „Селин“ целосно го повлече учеството поради немирите.
Модната писта на „Шанел“ беше на брегот на реката Сена
Дизајнерката Хеди Слиман напиша на „Инстаграм“: Mодна ревија во Париз додека Франција и нејзиниот главен град се ужалени и со модринки, изгледа… безобзирно и сосема погрешно“.

Други ги оставија настрана грижите продолжувајќи со ревиите во понеделникот со креации инспирирани од грчки божици („Кристијан Диор“), ликовна уметност („Шијапарели“) и сирени (Ирис ван Херпен).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Мајка ѝ е кралица нa „Ноќта на вештерките“, но и Лени Клум воодушеви со својот костим
На годинешната забава на Хајди Клум за „Ноќта на вештерките“ во Њујорк, во центарот на вниманието беше нејзината ќерка Лени Клум, која со креативниот костим го привлече вниманието на сите.
Дваесет и едногодишната манекенка се претстави како ликот Камил Крим од детската книга „Необичниот случај со пругите“. и го обои целото тело во шарени пруги – еден од највпечатливите костими на вечерта.
Хајди Клум се појави како Медуза, нејзиниот сопруг Том Каулиц како сребрен витез, а неговиот брат близнак Бил Каулиц како Сејлор Мун. На забавата присуствуваа и останатите деца на Клум од бракот со Сил.
Забава
Љубов до 5 ноември: неколку хороскопски знаци ќе блеснат во романса
Астролозите предвидуваат дека до 5 ноември четири хороскопски знаци ќе уживаат во љубовна хармонија, благодарение на Венера во знакот на Вага – планетата на љубовта, убавината и рамнотежата.
Вага – Ѕвезда на сезоната: привлекува љубов, пари и успех. Зафатените Ваги ја продлабочуваат врската, а слободните можат да доживеат неочекувана романтична средба.
Овен – Венера носи нова љубов или обновување на старата. Можно е заеднички живот или веридба.
Близнаци – Период на емоции, страст и инспирација. Романтиката се меша со креативноста, но треба да внимаваат да не идеализираат нови луѓе.
Водолија – Конечно мир и длабока поврзаност. Привлекуваат искрени и интелигентни партнери, а некои можат да ја пронајдат својата сродна душа.
Забава
Никогаш не е доцна за љубов, вели новиот партнер на Џенифер Анистон
Новиот партнер на Џенифер Анистон, Џим Кертис, изјави дека никогаш не е доцна да се најде љубов, пренесе „Пипл“.
На прашање како да се пронајде љубов по 40-тата година, Кертис одговорил дека тоа се прави исто како и на 22 или 32 години – но со повеќе самодоверба, искуство и автентичност.
„Прво сакајте се себеси и знајте дека сте во совршени години“, рекол тој, додавајќи дека „животот не завршува на 42“.
Кертис и Анистон првпат биле видени заедно во јули, а потоа и на премиерата на новата сезона на серијата The Morning Show и на заедничка вечера со актерот Џејсон Бејтман и неговата сопруга. Според извор за „Пипл“, „тие повремено излегуваат и уживаат во дружењето“.

