Црна хроника
Приведен државјанин на Албанија кој питачел во Тетово и немал пријавено престој

Полицијата приведе државјанин на Албанија поради негова инволвираност во питачење и непријавен престој во Македонија.
„На 04.07.2023 околу 12.55 часот, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле М.Д.(35) од Република Албанија, поради непријавен престој на подрачјето и негова инволвираност во питачење“, велат од МВР.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и ќе следува поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две жртви во два автобуса: украдени паричник и накит од патнички во Скопје

Две кражби со насилство се пријавени во aвтобус во Скопје за само еден ден. Во Чаир, додека се возела во автобус, М.К. (48) од Скопје останала без паричник со пари, лични документи и други предмети, кои ѝ биле одземени од нејзината чанта.
На подрачјето на Центар, В.З. (20) од Скопје пријавила дека, додека излегувала од автобус, едно лице ѝ го одзело личниот накит со употреба на сила. Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Малолетник нападнат на училишно игралиште од татко на друго дете во Карпош

Во Карпош, на училишно игралиште, малолетно дете било физички нападнато од татко на друго дете, со кого претходно имало конфликт.
Случајот го пријавила мајката на детето, А.Р. (41) од Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Четирицикл се преврте во Лазарополе – Италијанец тешко повреден

Во атарот на село Лазарополе, на шумска необележана патека, италијански државјанин Л.М. (56) изгуби контрола над својот четирицикл и се преврте.
Во несреќата, тој се здоби со тешки телесни повреди и беше пренесен во болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му беше укажана медицинска помош.
На местото на настанот извршен е увид од полицијата.