Македонија
Силниот дожд и ветер донесоа поплави и наноси од кал во Непроштено и Теарце, службите на терен
Околу 19:30 часот, тетовскиот регион го зафати силно невреме пропратено со силен дожд и ветер.
Како што информираа од Центарот за управување со кризи, добиле повеќе дојави за поплавени подруми на куќи во градот, а имало и поголема поплава во селата Непроштено и Теарце каде што од силниот дожд имаше наноси од кал и песок по улиците. За оваа ситуација известени се ЈКП-Тетово, ТППЕ-Тетово, лицето за контакт од Општина Тетово и Општина Теарце и Раководител на РЦУК Тетово.

Најголеми штети се предизвикани во селата Теарце и Непроштено каде што имаше поголем доток на вода од планината. Имаше наноси од кал и песок. Во Теарце на терен се ТППЕ Тетово со 2ПП возила и 4 пожарникари и еден приватен багер кој чисти од наносите по улиците. Од општината се организираат и ќе излезат на терен. На терен се припадници на ДЗС и ЦУК. Еден багер има и во селото Непроштено што рсчистува кај Непроштенска Река каде што има, исто така, наноси од кал и од песок и има поплавено и подруми во неколку куќи. Низ градот Тетово од страна на ТППЕ Тетово со 2 ПП возила работаат на отстранување санирање на состојбата каде има потреба.
Во моментов има дојава поплава и во село Требош (Општина Желино). Преку лицето за соработка од општината за настанатата состојба известени се ЈКП Тетово за настанатата сотојба во селото Требош.
Во моментов дождот е престанат и состојбата полека се нормализира. Ситуацијата и понатаму се следи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

