Македонија
Герасимовски: Се стремиме кон општество ослободено од стегите на родовата нееднаквост
„Како градоначалник на општина Центар можам да ви ветам дека ќе продолжам да се залагам за унапредување на човечките права на сите категории граѓани и во мојата агенда секогаш ќе има место за проекти што ќе ја зацврстат улогата на жената и ќе ја подигнат свеста за родовата еднаквост“, изјави вчера градоначалникот Горан Герасимовски на настанот „Остави трага“, посветен на младите, со цел да ги поттикнат на зголемено општествено учество и да ја подигнат свеста за еднаквоста во општеството.

Герасимовски исто така истакна дека како земја потписник на Истанбулската конвенција државата мора да се стреми кон општество ослободено од стегите на родовата нееднаквост, општество отворено за нови предизвици, демократско општество, каде што се почитуваат вредноста и достоинството на сите граѓани.

„На територијата на општина Центар активно дејствуваат неколку женски здруженија, сите програми за работа на службите се родово балансирани, а во самата Општина функционира интерсекторска група составена од претставници од сите сектори што работат на областа за родовата еднаквост и родовиот паритет под водство на ментор доделен од UN Women. Со оваа организација Општина Центар склучи меморандум за соработка, во чии рамки беа посетувани обуки од областа на развој на бизнис-идеја и бизнис-план, претприемаштво и менаџерски вештини, дигитален маркетинг, онлајн-продажба и употреба на дигитални технологии за што беа доделени сертификати во зависност од посетената обука“, велат од Општина Центар.

Настанот, кој беше посветен на младите и подигањето на свеста за еднаквата застапеност во општеството, е почеток на кампањата „Остави трага“, која ја спроведува Министерството со поддршката на Советот на Европа и Институтот за добро владеење и евро-атлантска перспектива.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

