Македонија
Почна субвенционирањето за замена на азбестните покриви со енергетско-ефикасни покриви за социјално загрозените категории граѓани
Град Скопје го објави јавниот повик за доделување поединечна субвенција на социјално загрозени категории граѓани, жители на градот Скопје, за замена на азбестните покриви со енергетско-ефикасни покриви за 2023 година.
Средствата што Град Скопје ги субвенционира се во висина од најмногу 50 % од вредноста на инвестицијата.
Како што извести Град Скопје, право на учество на јавниот повик имаат социјално загрозени категории граѓани, жители на градот Скопје, кои ќе ги заменат азбестните покриви со енергетско-ефикасни покриви, ги исполнуваат условите од јавниот повик и ја доставиле потребната документација.
За надоместување дел од трошоците и докажување дека условите за учество на јавниот повик се исполнети, барателот е должен да поднесе пополнето барање, доказ дека припаѓа на една од социјално загрозените категории, нотарски заверена изјава, имотен лист, фотографија од постојниот азбестен покрив, договор со изведувач за замена на покривот, како и копија од трансакциска сметка, велат од Град Скопје.
Јавниот повик со сите услови и критериуми за аплицирање за субвенцијата, како и сите потребни документи што треба да се достават со пријавата, се достапни на линкот – https://skopje.gov.mk/media/9809/javen-povik-zamena-azbestni-krovovi-2023.pdf
Потребната документација барателите ја поднесуваат до комисијата преку архивата на Град Скопје (барака 16) во затворен плик со назнака: До Секторот за заштита на животната средина – комисија за доделување субвенции за замена на азбестните покриви, секој работен ден од понеделник до петок, во периодот од 8.30 до 15 часот.
Јавниот повик ќе трае од денот на објавување до 31 август 2023 година или до исцрпување на средства предвидени за таа намена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

