Свет
Драма во Вимблдон: автомобил влета во основно училиште, има повредени
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/pb.jpg)
Неколку лица се повредени кога автомобил удри во зграда на основно училиште во Вимблдон, југозападен Лондон.
Полицијата соопшти дека полицајците биле повикани во основното училиште „Камп Роуд“ непосредно пред 10 часот по локално време.
На неколку лица им била укажана помош на местото на настанот поради повреди.
„Има повредени. Очекуваме дополнителни информации за повредените. Полициски службеници остануваат на самото место. Овој инцидент е во тек“, соопштија од полицијата.
Лондонската противпожарна бригада соопшти дека и таа е таму и испратила противпожарни и спасувачки возила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Силен земјотрес го погоди Крит
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/krit-830x0.jpg)
Земјотрес со јачина од 4,1 го погоди денеска грчкиот остров Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Земјотресот бил на длабочина од 8 километри, додава EMSC.
Епицентарот на земјотресот бил на 64 километри југоисточно од најголемиот град на Крит, Ираклион.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.
Свет
Украина го доби третиот противвоздушен систем Патриот од Германија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/patriot.jpg)
Украина го доби третиот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ од Германија, соопшти германскиот амбасадор во Киев, Мартин Јегер.
Испораката следи по неколкумесечните повици Украина да добие опрема потребна за заштита на цивилите и инфраструктурата од руските воздушни напади, објави „Ројтерс“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави претходно оваа година дека на неговата земја и се потребни дополнителни седум системи Патриот за да се заштити.
„Украинскиот екипаж ја заврши потребната обука во Германија за управување со системот Патриот“, изјави амбасадорот Јегер на социјалната мрежа Икс.
Киев посочи дека се надева оти ќе биде постигнат напредок во испораката на системите за противвоздушна одбрана на претстојниот самит на НАТО во Вашингтон, кој почнува во вторник.
Висок претставник на американскиот Стејт департмент изјави дека Киев се очекува да добие „добри вести“ на самитот.
Свет
Шефот на НАТО избегна да одговори на прашања за здравствената состојба на Бајден
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/53d20642-c3e9-41bf-bbc3-763fd7e23566.jpg)
Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, избегна да одговори на прашањата за здравјето на американскиот претседател, Џо Бајден, пред самитот на Aлијансата во Вашингтон следната недела, велејќи дека една од причините за успехот на НАТО е тоа што не се меша во внатрешните политички работи.
Здравјето на Бајден стана главна тема во предизборната кампања во САД по неговиот слаб настап во дебатата со републиканскиот противкандидат Доналд Трамп минатата недела.
На прашањето дали е загрижен дека фокусот на способностите на Бајден може да го засени самитот на НАТО, Столтенберг одговори дека состаноците секогаш се одржуваат во внатрешен политички контекст.
„НАТО мора да се фокусира на себе и ние ќе го направиме тоа“, рече генералниот секретар на НАТО Столтенберг на прес-конференција пред самитот во седиштето на НАТО во Брисел.
На прашањето дали верува дека Бајден е психички и физички подготвен да ја води најголемата нуклеарна членка на НАТО во наредните години и дали забележал влошување на состојбата на Бајден, Столтенберг одговори дека се сретнал со Бајден пред неколку недели и дека имале добри средби со него во Овалната соба.
„Постигнавме напредок во подготовките за претстојниот самит на НАТО“, рече тој, додавајќи дека го поздравува силното лично лидерство на Бајден за поддршка на Украина. Но, тој рече дека сите дополнителни коментари би можеле да бидат штетни за НАТО.
„Една од причините зошто НАТО е успешна е тоа што не се мешаме во внатрешни политички прашања“, рече тој.
„Ако почнам да кажувам нешто што би можело да ме поврзе со тековните политички дискусии во која било сојузна држава, всушност ќе ја ослабнам унијата“, додаде тој.