Црна хроника
Мопед прегази малолетно девојче во Шуто Оризари, девојчето е во болница

Вчера, на улицата Индира Ганди, мопед „сузуки“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Н. Џ. (60) од Битола, удрил во малолетничка од Скопје.
Во несреќата возачот на мопедот добил тешки телесни повреди, а малолетничката телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена се повредила додека влегувала во лифтот во МРТВ

Вчера во Градската општа болница Св.Наум Охридски била донесена Е.Т.(52) од Скопје.
Според информацијата од полицискиот билтен, жената се здобила со тешки телесни повреди при влегување во лифт во зградата на МРТВ.
За настанот бил известен трудов инспектор.
Топ
10-годишно момче нападнато во училиштен ходник од врсници, го навредувале и му се заканувале, а снимале и со телефон

Врсничко насилство е регистрирано во полицискиот билтен, што се случило вчера во Основно училиште во скопската населба Карпош.
Според информацијата, вчера околу 14:30 часот во ходник од основно училиште, 10-годишно дете било физички нападнато од двајца негови соученици, кои потоа во училишниот двор му се заканувале и го навредувале, а едниот од нив снимал со мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Топ
Тројца пешаци удрени со автомобили за еден ден во Скопје, едниот возач побегнал

Во текот на еден ден, тројца пешаци беа удрени од автомобили на различни локации во градот.
Првиот инцидент се случи околу 14:15 часот на кружниот тек кај улиците „Адем Демачи“ и „Лазо Трповски“. Патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Б.Е. (38), удри во 76-годишната Г.Б., која се здоби со тешки повреди и беше пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Малку порано, околу 14:00 часот на булеварот „Февруарски Поход“, товарно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј. (53), удри во 18-годишната И.И., која исто така беше хоспитализирана со тешки повреди.
На крајот на денот, околу 20:45 часот на булеварот „Борис Трајковски“, уште еден пешак, Х.Ј. (36), беше удрен додека излегувал од претходно паркирано возило „тојота“. Возачот на „ауди“, кој го удрил, го напуштил местото на настанот, а повредениот е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
За сите несреќи бил извршен увид од екипи на СВР Скопје, а за случајот со бегството се преземаат дополнителни мерки за пронаоѓање на возачот.