Свет
„Европејците ќе станат вазали“: француски „Монд“ пишува дека Европа станува сè повеќе зависна од САД
Европа станува сè повеќе зависна од САД како дел од Северноатлантскиот сојуз, пишува француски „Монд“.
Кога членките на НАТО ќе се соберат на самитот во Вилнус, „Европејците ќе се најдат во позиција на вазали, позависни од САД од кога било досега“, посочува весникот.
Весникот наведува дека „јазот меѓу потенцијалот на двата столба на НАТО расте во сите сфери на штета на Европа“.
Новинарите на „Монд“ сметаат дека Европа заостанува зад САД во сите стратешки важни сфери, како што се економијата, технологијата и одбраната, и забележуваат дека овој тренд трае од 1945 година.
„Јазот продолжува да расте спротивно на декларираните аспирации за постигнување поголема европска стратешка автономија“, оценува „Монд“.
Весникот посочува дека „Вашингтон игра комплицирана игра“ редовно „изјавувајќи ја својата желба да види помоќен европски дел од НАТО, а во исто време нивната воена индустрија ужива невидено широко присуство во Европа потиснувајќи ги ретките заеднички европски проекти“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Македонецот Васко Саздовски е меѓу загинатите во Нови Сад
Меѓу загинатите на Железничката станица во Нови Сад, каде што бетонскиот покрив се урна од зградата на станицата, се наоѓал и Васко Саздовски од Македонија.
Според информации на „Политика“, овој 45-годишен научник работел во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатички технологии за земјоделството.
Денеска е прогласен Ден на жалост во Србија, поради загинувањето на 14 лица врз кои се урна кровната конструкција на Железничката станица во Нови Сад.
Меѓу загинатите е и еден македонски државјанин, идентификуван како Васко Саздовски – возраста не е позната, јавуваат српските медиуми.
Бетонската конструкција на станицата се урна вчера пред пладне, усмртувајќи 14 лица и тешко повредувајќи уште тројца.
Одлуката за прогласување Ден на жалост во цела Србија ја потпиша премиерот Милош Вучевиќ.
Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, прогласи тридневна жалост во градот.
Регион
Ден на жалост во Србија и тридневна жалост во Нови Сад по загинувањето на 14 лица
Денеска е прогласен Ден на жалост во Србија, поради загинувањето на 14 лица врз кои се урна кровната конструкција на Железничката станица во Нови Сад.
Меѓу загинатите е и еден македонски државјанин, идентификуван како Васко Саздовски – возраста не е позната, јавуваат српските медиуми.
Бетонската конструкција на станицата се урна вчера пред пладне, усмртувајќи 14 лица и тешко повредувајќи уште тројца.
Одлуката за прогласување Ден на жалост во цела Србија ја потпиша премиерот Милош Вучевиќ.
Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, прогласи тридневна жалост во градот.
Свет
Хуманост на дело: Над 13.000 Шпанци волонтираат во Валенсија по големите поплави
Повеќе од 13.000 Шпанци се приклучија на волонтерски групи за да им помогнат на луѓето погодени од поплавите во регионот на Валенсија, пренесува Паис.
Тие се пријавиле да волонтираат во 19 градови во Валенсија преку мрежата Телеграм, каде што добиле упатства и предупредувања за опасностите, вклучувајќи го и бројот на километри што ќе треба да ги поминат за да стигнат до погодените.
Волонтерите, кои се претежно млади луѓе, биле предупредени дека „патиштата пропаѓаат, а итните служби имаат проблеми да си ја вршат работата“.