Регион
(Видео) Радев, и по средбата со Зеленски, продолжи војната во Украина да ја нарекува конфликт, повтори дека оружје не дава
Конфликтот во Украина нема воено решение. Затоа, потребни се доследни напори за деескалација, прекин на огнот и барање мирно решение со помош на дипломатските средства, кои сè уште не се исцрпени, пишува бугарскиот претседател Румен Радев по тензичната средба со својот украински колега, Володимир Зеленски.
Радев по средбата со Зеленски на социјалните мрежи напиша дека како претседател и врховен командант има јасни одговорности да гарантира дека одбранбените способности на вооружените сили на Бугарија не ослабуваат бидејќи безбедносната средина во регионот е исто така доволно алармантна.
„Не прифаќам обезбедување оружје и муниција, особено од резервите на бугарската армија“, вели Радев.
Според него, конфликтот меѓу Русија и Украина го проширува својот територијален опсег и добива нови димензии, а непријателствата стануваат сè пожестоки и сè повеќе луѓе умираат, меѓу кои и Бугари од големата бугарска заедница во Украина. Ризиците за мирот и безбедноста во Европа, вклучително и од радиоактивната контаминација, растат секој ден не само за Украина туку и за цела Европа, вели Радев по средбата.
„Конфликтот се претвори во војна на трошење што ги погоди економиите на сите европски земји и ги влоши социјалните тензии. Во моментот постојано го слушаме зборот победа од двете страни, но би сакале повеќе да го слушнеме зборот мир и дека водечките напори треба да бидат токму за негово постигнување“, додава Радев.
Жестоко помина вчерашната средба помеѓу Радев и Зеленски, кој беше во посета на Софија. Откако Радев му кажа на Зеленски дека не дозволува одбранбена помош, Зеленски пред бугарските новинари жестоко му одговори по што камерите беа замолени да ја напуштат просторијата, но останаа доволно долго за моментот да го види целата јавност.
„Ова не е конфликт, туку војна, војна за уништување на Украина, да се убиваат Украинци, а не други земји и фала му на бога“, истакна Зеленски коригирајќи го Радев за употребата на терминот конфликт.
„Ако ова е конфликт, тогаш земјата нема да ја напуштат милиони луѓе. Ние мора да ги поставиме границите, инаку некој друг ќе ги постави. Го имаме ова право бидејќи војната е на наша територија, така што знаеме дека ова е војна, а не конфликт“, му рече Зеленски на Радев, а потоа жестоко му одговори дека бугарската армија и оружјето нема да бидат доволни ако Русија дојде тука.
„Ваше право е да не поддржувате помош за Украина. Добро е да им давате на луѓето за да се бранат да не ви дојде војната. Не дај боже да стане трагедија и да ви дојде војната, што ќе правите тогаш ако никој не ви помогне?“, Зеленски го праша Румен Радев.
Денес, и премиерот Николај Денков ги увери бугарските пратеници дека Софија нема да испрати воена опрема во Киев, која би им наштетила на одбранбените капацитети на земјата.
Зеленски вчера беше во посета на Бугарија на покана на Денков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: Следната година е многу важна, ќе ја одреди судбината на Србија
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја оцени 2026 година како исклучително важна година поради изборите што ќе „ја одредат судбината на Србија“ и големите инвестиции планирани како дел од подготовките за изложбата ЕКСПО 2027, пишува „n1info.rs“.
Вучиќ изрази надеж дека граѓаните ќе „судат според постапките“ кога гласаат и ќе дадат поддршка на Српската напредна партија.
„Донесете ја одлуката со ладна глава и рационално. Погледнете што е направено, разгледајте ги плановите, програмите и луѓето кои се способни да спроведат нешто или не се способни“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека за него е важно што знае колку народот дал за да ја спаси земјата.
„Знам колку разбравте дека вашата земја е загрозена и колку сакавте да помогнете, и затоа сум ви бескрајно благодарен. Благодарение на вас и вашата сила, успеавме да се бориме, успеавме да ја одбраниме и зачуваме Србија и сега само гледаме како Србија може да продолжи напред. Ви благодарам за вашата поддршка“, рече тој.
Фото: депозитфотос
Регион
Рама објави укинување на забраната за „Тик-ток“ во Албанија
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека социјалната мрежа „Тик-ток“ повторно ќе биде достапна во Албанија.
Рама во интервју за „Политико“ истакна дека албанската влада постигнала партнерство со претставници на социјалната мрежа и дека набргу ќе претстави нови мерки за заштита на јавноста во оваа земја.
„Задоволни сме од резултатот. Постигнавме партнерство и се надевам дека во наредните недели или месеци ќе го презентираме планот пред албанските граѓани, како што ветивме“, рече Рама.
Албанската влада го забрани „Тик-ток“ пред една година кога објавите на платформата предизвикаа тепачка меѓу млади, во која 14-годишно момче беше избодено до смрт.
Регион
Србија меѓу првите во регионот што воведува тестирање на алкохол кај летачкиот и кај кабинскиот персонал
Од 1 јануари 2026 година во Србија ќе почне систематско тестирање на летачкиот и на кабинскиот екипаж за присуство на алкохол.
Со тоа Србија станува една од првите земји во регионот што ја воведува оваа постапка во целост, објави Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Србија.
Тестирањето ќе се спроведува на летачкиот и на кабинскиот екипаж на домашни и странски авиони што ги користат аеродромите во Србија.
Проверките ќе ги вршат специјално обучени и овластени воздухопловни инспектори на Дирекцијата.
Постои нулта толеранција за присуство на алкохол кај членовите на екипажот на авионите.
За мерење на количината алкохол ќе се користат сертифицирани и калибрирани уреди за мерење алкохол во здивот, кои имаат доказна вредност во судските постапки.
Во случај член на летачкиот или кабинскиот екипаж да го одбие тестот или тестот утврди присуство на алкохол, воздухопловниот инспектор привремено ќе му забрани да ги извршува должностите на член на екипажот и ќе го пријави тоа кај надлежните органи.
По правило тестирањето ќе се врши во кабината на авионот, а податоците за спроведените тестови ќе се внесуваат во централизирана база на податоци управувана од Агенцијата за безбедност на воздухопловството на Европската Унија (EASA).
За почетокот на примената на оваа постапка Дирекцијата навремено ги информира сите воздухопловни субјекти во Србија и EASA, која има улога да обезбеди поддршка во дефинирањето на приоритетите за тестирање и управувањето со релевантните податоци.
Фото: depositphotos

