Македонија
Додека Ахмети ја држи владата на Ковачевски, неговите внуци и син прават милионски бизниси, критикува ВМРО-ДПМНЕ

„Додека Ахмети ја држи владата на Ковачевски, неговите внуци и син прават милионски бизниси“, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Тие додаваат:
Дали борбата на Ахмети по секоја цена да го задржи Ковачевски ден повеќе на власт се должи на тоа што Ковачевски молчи за се, и не смее да изусти збор за очевидните злоупотреби на ДУИ.
Додека Ахмети е главен фактор во владата, неговиот внук Дрин, зема 39% од Соравија без да даде денар како против надомест. Истиот тој Дрин добил концесија за мала хидроцентрала од владата, а управува и со каменолом за кој добил концесија исто така од СДС.
Додека Ахмети ја држи владата, фирмите на внук му се поддизведувачи на Коридор 8.
Синот на Ахмети заедно со внуците на Ахмети, Дрин и Бесиан ја основал и Хелиос Плант за производство на струја. Дали со истата треба да отпочне изградба на фотоволтаична централа од 60MW која беше најавена од владина говорница?
И додека семејството на Ахмети се богати, институциите молчат ј не смеат да преземат чекор кон реална истрага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов урбан парк во Марино, унапредување на јавната инфрастуктура во Општина Илинден, најави Георгиевски

Општина Илинден континуирано вложува во уредување и модернизација на јавниот простор во сите населени места, создавајќи современи и пријатни локации за квалитетно поминување на слободното време на граѓаните. Во таа насока, во населеното место Марино е изграден нов урбан парк со повеќе содржини, информираат од таму.
Паркот се наоѓа меѓу улиците „531“, „532“ и „534“ и зафаќа површина од околу 6.000 м². Просторот е партерно уреден, поставено е улично осветлување, чешми, клупи, корпи за отпадоци, паркинг простор, пешачки патеки и пристапна сервисна улица. Паркот е збогатен и со зелени површини, отворен плоштад наменет за јавни настани, централна фонтана, жардињери со декоративни растенија, како и детско игралиште опремено со современи реквизити за најмладите.
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, при увидот на плоштадот истакна дека уредувањето на јавните простори е од суштинско значење за подобрување на условите за одмор и рекреација на граѓаните.
„Општина Илинден и понатаму ќе продолжи со активности за унапредување на јавната инфраструктура и создавање урбано уредени простори во сите населени места низ општината“.
Македонија
Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Катчето за рекреација, направено на барање на жителите во рамки на маалските средби, со новата современа теретана во Паркот на франкофонија, утрово беше затекнато уништено.
Уште недовршена, теретаната веќе е вандализирана. Некој преку ноќ се обидел да ги запали реквизитите, а вреќата за бокс ја исекле со нож и целосно ја уништиле.
Случајот е пријавен во МВР.
„Наместо простор за рекреација, некој избрал деструкција. Покрај тоа, искршено е и фудбалското игралиште во овој парк. Ова, за жал, не е прв ваков случај на вандализам во нашата општина. Апелирам до сите граѓани да го чуваат јавниот простор и заедничките содржини создадени за спорт, рекреација и дружење“, порача Герасимовски .
Новата теретана се состои од 17 справи, а овие денови требаше да се постави и специјална тревна подлога за поголема безбедност при користење.
Македонија
Град Скопје поднесе кривична пријава против претседателката на Управниот одбор на „Комунална хигиена“

Град Скопје поднесе кривична пријава против Јулијана Спироска – претседателка на Управен одбор на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина, откако претходно денес Општина Аеродром поднесе кривична против претпријатието „Комунална хигиена“ за состојбата со натрупаното ѓубре во главниот град.
Од Град Скопје во пријавата наведуваат дека во периодот од 2022 година до денес, било констатирано дека поради активности на Јулијана Спировска од ВМРО ДПМНЕ, претседателка на Управен одбор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, претпријатието континуирано не ја спроведува својата основна дејност, односно одржување на хигиената на подрачјето на град Скопје.
„Поради неа и нејзините политички мотивирани опструкции повеќе од 3 години претпријатието е нефункционално“, велат од Град Скопје.