Македонија
Ковачевски и Меџити ги навредуваат и омаловажуваат болните од цистична фиброза, наместо да им набават лекови ги етикетираат, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Ковачевски и Меџити ги навредуваат и омаловажуваат болните од цистична фиброза, наместо да им набават лекови ги етикетираат“, посочува ВМРО-ДПМНЕ.
Тие додаваат:
Министерот за здравство Меџити, наместо да застане во одбрана на болните од цистична фиброза, тој нападна еден од нив, кој преку пораки во медиумите очигледно заборавен од системот праќа порака за реакција на власта.
Болните од цистична фиброза имаат потреба од грижата на владата за нив, а не од понижувања од нејзините претставници.
Власта вети дека ќе го реши проблемот, но проблемот со нефостаток на лекот Трикафта не е решен, болните се уште мака мачат.
Владата троши милиони на секакви криминални тендери, само нема пари за потребите на народот. Затоа се потребни промени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Целосно реновирано болничкото одделение на Клиниката за урологија

Целосно е реновирано болничкото одделение на Клиниката за урологија. Премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Клиниката во Клиничкиот центар ја истакна важноста на рекордните средства од Буџетот што се вложуваат во здравствениот сектор. Тој изрази задоволство од направените подобрувања и целосната реновираност на болничкото одделение, нагласувајќи дека условите и опремата ги доближуваат услугите до европски стандарди.
„Ова се можеби мали чекори, но големи во значење, особено оти години наназад не беше вложувано доволно. Со истата динамика ќе продолжиме и понатаму, со главен фокус на развојот на здравството“, рече Мицкоски.
Тој најави и продолжување на инвестициите во други здравствени установи, како Клиничката болница и Медицинскиот факултет во Штип, болниците во Кичево и Тетово, како и реконструкција и модернизација на здравствените услуги низ целата земја.
„Посакувам помалку пациенти и повеќе здрави луѓе, а оние што ќе имаат потреба од здравствена услуга да добијат квалитетна, европска нега“, додаде премиерот.
Македонија
Директорката на Гимназијата во Демир Хисар на информативен разговор во полиција

Директорката на Гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска, денеска се јави на информативен разговор во полициската станица во Демир Хисар.
Ова се случува откако на 8 август вечерта, полицијата изврши претрес во нејзиниот дом барајќи го печатот од училиштето. Во тоа време, Лозановска беше на боледување. Полицискиот началник изјави дека ќе ја однесе на разговор дури и со носилки, иако налогот важел само за претрес, а не и за лишување од слобода. Министерството за внатрешни работи покрена дисциплинска постапка против началникот.
Градоначалникот, претходно, ја разреши Лозановска по налог на Просветниот инспекторат, поради утврдени неправилности во работењето. Од МВР соопштија дека против Лозановска имало пријава и постоеле основи за сомневање за кривично дело „одземање печат и службени документи“.
Македонија
„Дали си ти мојот дом?“ – нова кампања за удомување на заборавените кучиња од „Лајка“

Во соработка со режисерка Ана Јакимска и фотографот Александар Чокревски, „Лајка“ ја лансира кампањата „Дали си ти мојот дом?“, посветена на удомување на долго задржаните кучиња, кои со години чекаат свој човек.
Кампањата преку моќни фотографии ги прикажува кучињата во топли, секојдневни сцени – моменти во кои недостига само еден елемент да биде целосна: новиот сопственик што ќе им подари љубов и дом.
Овие кучиња не се бројки, туку личности со свои приказни, емоции и надежи.
„Со оваа кампања сакаме да допреме до срцата на луѓето и да им покажеме дека секој дом има место за уште еден член, особено за оној што најмногу чека“, велат од „Лајка“.
Преку „Дали си ти мојот дом?“ јавноста ќе има можност да ги запознае најдолго задржаните штитеници на „Лајка“, да ја види нивната нежна страна и да дознае како да им подари нов почеток.