Црна хроника
Дрога, комар, малолетници се журкале по полноќ – акција на полицијата во Битола
Од полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола спроведена е акциска контрола на повеќе локации на подрачјето на Битола во рамки на “Безбедно лето 2023”.
„Во текот на контролата во парк лоциран во близина на Саат Кулата во Битола, беа затекнати С.С.(38), М.Н.(63), М.Ж.(60) и С.М.(66), сите од Битола, како играат комар, при што кај нив биле пронајдени пари и други предмети. По документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. На ул.”8″ во Битола, пак, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција лишени од слобода се Џ.М.(21) и Т.В.(23), двајцата од Битола, бидејќи кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка“, велат од МВР
По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
„На 08.07.2023 во времето од 00:00 до 01:00 часот од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција од СВР Битола извршена е контрола на угостителски објект лоциран на ул.„Фуштани“ во Битола, при што се затекнати 7 малолетници. Тие со потврда се предадени на родителите. Исто така, ноќва во периодот од 00.00 до 03.30 часот извршена е контрола во 5 угостителски објекти во Битола, при што во два објекти се констатирани прекршоци кои ќе бидат соодветно санкционирани“, додаваат од МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападнат работник од ЕВН во Горно Нерези
Во полицијата вчера беше пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ бил донесен 50-годишниот Т.И. од селото Матка со повреда.
Според пријавеното, истиот ден околу 11:00 часот во село Горно Нерези, додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН, бил физички нападнат од едно лице кое употребило тврди предмети.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанки пријавиле закани и напад од сопрузите со кои се разведуваат
Во два одвоени случаи пријавени во текот на вчерашниот ден, жени од Скопје побарале полициска заштита поради закани и насилство од нивните сопрузи со кои се во бракоразводна постапка.
Вчера во 11:40 часот бил приведен М.К. (31) од Скопје, по пријава од неговата 30-годишна сопруга дека ѝ упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во вториот случај, пријавен во 13:50 часот, 43-годишна скопјанка информирала дека околу 08:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од својот сопруг С.К. (43). СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка измамена за 200.000 денари од „мајстор“ што исчезнал со парите, требало да работи во дворот
Педесетгодишна жена од скопско во полицијата пријавила дека била измамена од лицето В.„Н“ за износ од 200.000 денари.
Според пријавата, тој требало да изврши градежни работи во нејзиниот двор, но по земањето на парите престанал да одговара на повиците.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

