Забава
Шакира на забава откога го гледаше Хамилтон во трката за британското Гран при

Шакира се забавуваше до раните утрински часови во елитното место Чилтерн Фајрхаус во неделата вечерта откогабеше фотографирана во Силверстоун, каде што викендов се одржа трката за Големата награда на Велика Британија во Формула 1.
Само неколку часа пред тоа Колумбијката (46) го гледаше Луис Хамилтон како завршува на трето место на британското рГан при.
Нејзиното присуство на трката ги подгреа шпекулациите за романса со еден од најпознатите возачи на Формула 1.
Наводното момче на Шакира, Луис (38), заврши на третото место на трката во Силверстоун во неделата зад Ландо Норис, кој беше втор, и Макс Верстапен, кој победи.
Таблоидите неодамна објавија дека Шакира е во љубовен триаголник со Луис и холивудскиот актер Том Круз.
Тркачкиот ас беше забележан со колумбиската ѕвезда многупати откога минатата година таа се раздели од поранешниот партнер Жерар Пике (36).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„И’ готвеше штрудла“ – сестрата на Јованка Броз го опишува односот меѓу Тито и Софија Лорен

Денешниот ден, 25 мај, во поранешна Југославија се празнуваше како Ден на младоста. По тој повод проследуваме една интересна приказна за тоа како тогашниот претседател, Јосип Брос Тито ја пречекал убавата Софија Лорен на островот Бриони.
Јосип Броз Тито за време на своето владеење бил домаќин на многу светски ѕвезди како Елизабет Тејлор, Софија Лорен и Ричард Бартон. Сите тие оставиле силен впечаток едни на други, а особено на Јованка Броз, раскажува нејзината сестра Нада Будисављевиќ во книгата на Жарко Јокановиќ „Мојата сестра Јованка Броз“, во која открива бројни интересни моменти од животот на претседателот на СФРЈ и првата дама.
Посебно внимание во тогашните медиуми предизвикала посетата на славната актерка Софија Лорен, која поминала петнаесет дена на Бриони. Нада се сеќава дека италијанската дива тогаш го повела и својот син, кој имал само година и пол, како и една швајцарска дадилка.
Била сместена во вилата „Јадранка“, каде претходно престојувале Тито и Јованка. Секојдневно доаѓала на плажа да се капе, а Тито и Јованка биле присутни цело време за време на нејзината посета.
„Секој ден му се јавуваше на Карло Понти. Косата ја миеше со дестилирана вода и ставаше маслиново масло. Нејзината коса беше прекрасна, навистина величествена. Кога ја фотографираа, секогаш го вртеше поубавиот профил. Тоа се тие мали тајни на големите мајстори“, раскажала Нада Будисављевиќ.
Како што вели Нада, а тоа го потврдуваат и многумина кои ја познавале славната актерка, Софија Лорен обожавала да готви.
„Подоцна издаде книга Софија во кујна, со љубов, или нешто слично. Подготвуваше сосови за шпагети, и тоа во големи количини. Се сеќавам дека ставаше телешко, свинско месо, пршута, и – на мое изненадување – дури осум килограми свеж домат. Тоа беше вистински специјалитет. Сите го јадевме заедно и беше божествено“, се присетува сестрата на Јованка.
Нада открива и дека Тито лично ѝ подготвувал штрудла на Софија.
„Уживаше во тоа. Имаше некој готвач, но Тито сам ги правеше штруклите, штрудлата со јаболка… Го развиваше тестото на масата, виткаше, месеше и печеше. Не знам дали ги знаеше точните мерки, можеби готвачот му помагал, но се гледаше дека уживаше во тоа“, вели Нада, пренесе „Она.рс“.
Софија Лорен денес има 88 години, а покрај Моника Белучи важи за најпозната Италијанка во светот. Холивудската дива, модел и модна икона уште од 1950-тите, стекна статус на филмска легенда и божица на убавината на која ѝ се восхитуваа и мажи и жени.
Најпосебно место во нејзиното срце зазел италијанскиот филмски продуцент Карло Понти. Се запознале кога Софија имала само 16 години. Иако на почетокот ѝ бил само продуцент и ментор во светот на шоу-бизнисот, нивната разлика од 22 години брзо била надмината од силните емоции кои не можеле да ги сокријат.
Во тој период Понти бил оженет и имал две деца. За да се разведе, била потребна согласност од Ватикан, но не ја добиле. Затоа во 1957 година отпатувале во Мексико, каде што Понти се развел и се оженил со Софија. Меѓутоа, по враќањето во Италија, се соочиле со нови проблеми – нивната заедница не била признаена како легална.
Понти бил обвинет за бигамија, а Лорен за незаконска врска. Не смееле ниту да се појавуваат заедно во јавност. Не сакајќи да се прилагодат на тогашните општествени норми, парот ја напуштил Италија и со години живеел во странство, борејќи се за правото нивната љубов да биде признаена.
Забава
Борис Џонсон стана татко по деветти пат

Поранешниот премиер на Обединетото Кралство Борис Џонсон (60) добил дете со сопругата Кери (37).
Кери на Инстаграм ја сподели веста за раѓањето на нејзината ќерка, која го доби името Попи Елиза Џозефин Џонсон. Девојчето е родено на 21 мај.
„Не можам да поверувам колку си убава и минијатурна. Се чувствувам неверојатна среќа. Сите сме тотално заљубени. Не сум сигурна дали спиев ни минута откако си родена, бидејќи не можам да престанам да гледам колку си прекрасна“, напишала таа.
Двојката веќе има три деца.
„Вилф, Роми и Френк се исклучително воодушевени, особено Роми која очајно сакаше сестра“, напиша сопругата на Џонсон во објавата.
„Животот не може да биде подобар“, додаде таа.
Двојката се венча во мај 2021 година. Нивниот најстар син Вилф е роден во април 2020 година, Роми во декември 2021 година и Френк во јули 2023 година.
Нивната ќерка Попи, за која Кери рече дека е „последниот член на бандата“, е деветтото дете на Борис Џонсон. Со поранешната сопруга Марина Вилер има четири деца, а за време на аферата со уметничкиот консултант Хелен Мекинтајр доби дете во 2009 година.
Забава
Хороскопски знак во кој најчесто се раѓаат луѓе со благородно и љубезно срце

Некои луѓе само зрачат со добрина. Не затоа што сакаат да изгледаат подобри од другите, туку затоа што во нивната природа е да помагаат, разбираат и да бидат потпора кога сè друго ќе почне да се распаѓа.
Не бркаат пофалби, не ги објавуваат своите добри дела и не очекуваат ништо за возврат – најважно им е да знаат дека некому му го олесниле денот.
Ако им веруваме на ѕвездите, постои еден хороскопски знак во кој најчесто се раѓаат луѓе со такво срце. Луѓе кои ве прегрнуваат со поглед, лекуваат со зборови и секогаш имаат простор за уште едно пријателство, уште еден убав гест, уште едно: „Тука сум ако ти требам“.
Риби: Тивките херои на зодијакот
Рибите можеби не се најгласни, најхрабри или најорганизирани, но кога станува збор за топлината на срцето – ретко кој може да им парира. Нивната емпатија е безгранична, а нивната способност да се стават во туѓа кожа е речиси нереална. Рибите сакаат да помагаат, не поради чувство на должност, туку затоа што се искрено исполнети со туѓа среќа.
Ќе ви пратат порака во два часот наутро ако почувствуваат дека сте тажни, ќе купат ситница што ги потсетува на вас, ќе ги слушаат вашите проблеми дури и кога ви е досадно – и никогаш нема да ве обвинат. Во нивниот свет, луѓето не се бројки или случајни минувачи – секој има приказна и секоја приказна им е важна.
Рибите понекогаш можат да заборават на себе затоа што многу се трудат да бидат тука за другите, но токму во оваа несебичност лежи нивната вистинска сила. Тие не потсетуваат дека добрината не е слабост, туку најтивката форма на храброст. И тоа благородништво не бара сцена – туку само отворено срце.