Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, место да го сузбива криминалот, отвора семејни фирми на домашна адреса
„Дури и директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, се впушти во бизнис-водите преку својот син, да не остане покус од неговиот вистински шеф Али Ахмети, чии деца и внуци исто така имаат голем претприемачки дух“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што соопштуваат од партијата, на 12 октомври, 2022 година на домашната адреса на Сашо Тасевски, е регистрирано Друштво за трговија, услуги и производство СМАРТИОТ ДООЕЛ, компанија која се занимава со информатичка технологија, со ограничена одговорност на едно лице, сопственик и управител, синот на Сашо Тасевски.
„Сашо Тасевски треба да даде одговор зошто оваа фирма на име на синот не ја пријавил во ДКСК за што има законска обврска. Замислете, човекот задолжен за спроведување на законот и безбедноста во Македонија сами го прекршува законот. Криењето имоти и фирми очигледно е главна одлика во СДС, а за тоа јавноста се запозна преку аферата ‘Тајни имоти’.
Граѓаните заслужуваат власт што искрено се грижи за нивната безбедност, а не лица на кои поважно им е синовите да ги направат бизнисмени и милионери“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

