Црна хроника
Приведен крадец од Куманово, одземеното вратено на сопственикот
Вчера попладне, во 13.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 25-годишниот С. А. од Куманово, извести МВР.
„Тој се сомничи дека од деловен објект на улицата Климент Охридски во Куманово одзел повеќе предмети“, соопшти МВР.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Син претепал татко во Пробиштипско
32-годишен маж од Пробиштипско му се заканувал и го претепал неговиот татко.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против М.А.(32) од Злетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 20.04.2024 во семејниот дом во пробиштипско село, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал и упатил закани на неговиот татко.
Црна хроника
Доставувач нападнат со нож во скопски Аеродром: му украле чанта со пари додека доставувал стока
Доставувач бил нападнат на подрачјето на скопски Аеродром и му била украдена чантата со службени и негови лични пари.
Имено вчера во 17.40 часот во СВР Скопје, Н.Т.(26) од Скопје пријавил дека околу 12.45 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, додека извршувал работни задачи – доставувач за приватна фирма, две лица физички го нападнале и со закана со остар предмет му одзеле чанта со службени и негови лични пари.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во Струшко
Вчера попладне, во 16.10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во нива во атарот на струшкото село Калишта била пронајдена граната од Првата светска војна во калибар од 95 милиметри, извести МВР.
Гранатата била безбедно подигната од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување – Битола за понатамошна постапка.