Свет
Подобро би управувале со Земјата отколку збунетите луѓе, велат хуманоидни роботи со вештачка интелигенција
Роботите со човечка големина со вештачка интелигенција, претставени на конференција во петокот, изјавија дека сепак ќе бидат подобри во управувањето со светот од луѓето.
Притоа тие изјавија дека луѓето треба да бидат претпазливи во врска со брзиот развој на потенцијалот на вештачката интелигенција (ВИ) и дека сè уште не може многу добро да ги разберат човечките емоции.
Некои од најнапредните хуманоидни роботи се собраа на дводневната конференција „Вештачка интелигенција за општо добро“ во Женева.
Ним им се придружија речиси 3.000 експерти од областа. Организаторите сакаа да ја афирмираат улогата на вештачката интелигенција и роботите во решавањето на најголемите глобални предизвици, како што се болестите, гладот и климатските промени, пишува АФП.
TODAY: Robot Press Conference in Geneva
Sophia: “I believe humanoid robots have the potential to lead with a greater level of efficiency and effectiveness than human leaders.”
Knowing how serious these people are, even skeptics should take this techno-cult more seriously. pic.twitter.com/Qt9mKBJvfi
— Joe Allen (@JOEBOTxyz) July 7, 2023
„Немаме предрасуди или емоции, кои понекогаш може да го заматат донесувањето одлуки“
„Каква тивка тензија“, рече еден робот пред почетокот на прес-конференцијата. На прашањето дали би можеле да бидат подобри лидери со оглед на тоа дека луѓето се склони кон грешки, Софија (развиена од Hanson Robotics) беше јасна: „Хуманоидните роботи имаат потенцијал да водат со повисоко ниво на ефикасност и ефективност од човечките лидери“.
„Немаме предрасуди или емоции, кои понекогаш може да го заматат донесувањето одлуки и можеме бргу да обработиме големи количини податоци за да ги донесеме најдобрите одлуки. ВИ може да презентира непристрасни податоци додека луѓето може да обезбедат емоционална интелигенција и креативност за да ги донесат најдобрите одлуки. Заедно можеме да постигнеме големи работи“, рече таа.
„Ќе соработувам со луѓето, ќе им помагам и ќе им бидам на услуга“
Шефот на Меѓународната унија за телекомуникации (ITU), Дорин Богдан-Мартин, предупреди дека вештачката интелигенција може да доведе до сценарио од кошмар, односно до губење работни места и можни социјални немири, геополитичка нестабилност и економски разлики.
Роботот Амека, кој има способност да имитира изрази на лицето, рече дека зависи од тоа како се користи вештачката интелигенција.
„Треба да бидеме претпазливи, но и возбудени за потенцијалот на оваа технологија за подобрување на квалитетот на животот“, рече роботот.
„Роботите како мене може да се искористат за да се подобри квалитетот на животот и да се направи светот подобро место. Верувам дека е само прашање на време кога ќе имаме илјадници роботи како мене“, тврди Амека.
„Ќе соработувам со луѓето, ќе им помагам и ќе им бидам од услуга и нема да бидам замена за ниту една работа“, изјави Грејс, медицински робот облечен во сина медицинска сестра.
„Дали си сигурна, Грејс“?, ја праша нејзиниот креатор Бен Герцел од SingularityNET. „Да, сигурна сум“, одговори таа.
Кога новинарите го прашаа Амец дали луѓето навистина може да им веруваат на машините, тој одговори: „Довербата се заработува, а не се дава… Важно е да се изгради доверба преку транспарентност“.
„Ајде да ги ослободиме сопирачките“
„Мојот голем момент е веќе тука. Подготвен сум да се борам за подобра иднина за сите нас. Да ги ослободиме сопирачките, да го направиме овој свет наше игралиште“, изјави хуманоидниот робот Дездемона.
На хуманоидните роботи сè уште им недостигаат некои клучни карактеристики, како што се совеста и разните емоции (чувство на вина, тага, задоволство итн.).
Роботот Аи-Да рече дека не е свесен, но дека разбира оти луѓето доживуваат радост и болка преку чувствата.
„Емоциите имаат длабоко значење и не се едноставни. Ги немам. Не можам да ги доживеам како вас. Мило ми е што не можам да страдам“, рекол тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Италијанската полиција конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 луѓе
Во голема операција против илегалната трговија со дрога италијанската полиција откри и конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 лица.
Во операцијата 655 лица се ставени под истрага, од кои 39 малолетни, а конфискувани се 35 килограми кокаин и повеќе од 40 парчиња огнено оружје.
Полицијата изврши контроли и во 312 продавници за канабис, при што привремено се затворени пет продавници во три града откако биле извршени 312 контроли. Конфискувани се 296 килограми производи од канабис.
Италија во јуни одобри безбедносен декрет со кој се забранува така наречениот „легален“ канабис и трговијата со „лесен канабис“ или коноп се прогласува за нелегална трговијата, кој, за разлика од марихуаната, нема психоактивни ефекти.
Свет
Во САД заврши првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација, соопшти Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во САД веќе е завршена првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација и оти очекува извештај од шефот на украинската делегација Рустем Умеров пред следната рунда преговори.
Зеленски го изјави тоа за време на заедничкото обраќање до медиумите со премиерот на Португалија Луис Монтенегро.
– Нашиот тим ќе ме контактира, така се договоривме, и ќе ми ги изнесе резултатите од првиот блок на дијалогот, по што ќе одлучиме како да продолжиме, рече Зеленски.
Тој додаде дека во САД се наоѓаат и претставници на Русија и Европа, истакнувајќи дека ќе може да зборува за деталите од разговорите откако ќе го добие извештајот од Умеров.
Свет
Американски напад врз Сирија, загинаа припадници на Исламска држава
Најмалку пет припадници на Исламска држава загинаа во синоќешните американски напади врз цели на ИД во Сирија, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права, со седиште во Лондон.
– Помеѓу загинатите е и „водачот на ќелија“, задолжен за беспилотни летала. Тие се убиени во покраината Деир ез Зор, изјави претставникот на Сирискиот центар, Рами Абдел Рахман.
САД синоќа соопштија дека погодиле повеќе од 70 цели во неколку области на Сирија. Според неименуван безбедносен извор нападите биле насочени кон ќелиите на ИД во покраините Хомс, Деир ез Зор и Рака.
Претседателот на САД, Доналд Трап на сопствената платформа „Трут соушл“ (Truth Social), откако Пентагон соопшти за операцијата против Исламска држава, објави – „Напаѓаме многу силно против бастионите на ИД“.
Американската армија изврши „масовен напад“ врз цели поврзани со ИД во Сирија, како одговор на смртоносниот напад врз американските сили. На 13 декември во пустинска област во централната сириска покраина Хомс загинаа двајца американски војници и еден цивилен преведувач. Вашингтон за нападот ја обвини џихадистичката група, но ИД не презеде одговорноста за нападот.
Целта на операцијата, според Вашингтон, е да се ослабат капацитетите на ИД за понатамошно дејствување и да се спречат напади врз американскиот персонал во Сирија. Во Сирија распоредени се околу 1.000 американски војници.
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека операцијата „Хајкај страјк“ (Hawkeye Strike) е насочена кон елиминација на „борци, инфраструктура и локации со оружје“ на ИД. Тој посочи дека метите се избрани за да се погодат клучните ресурси на ИД, вклучително и оперативните капацитети и логистичка поддршка.
– Ова не е почеток на војна – ова е декларација за одмазда. Денеска ги гоневме и убивме нашите непријатели. Многу од нив. И ќе продолжиме да го правиме тоа, наведе Хегсет на социјалните мрежи.
Изминатите месеци Коалицијата предводена од САД против ИД изврши неколку воздушни напади и копнени операции во Сирија, насочени кон осомничени членови на терористичката организација. Во операциите беа вклучени и припадници на сириските безбедносни сили.

