Свет
(Видео) Откорнати дрвја, илјадници без струја, аеродромите не работат: торнада го уништуваат Чикаго
Неколку торнада и грмотевици го погодија поширокото подрачје на Чикаго во средата принудувајќи ги аеродромите „О’Харе“ и „Мидвеј“ да го приземјат целиот воздушен сообраќај во третиот по големина американски град.
Најмалку осум торнада уништуваа во четири окрузи во североисточниот дел на Илиноис вклучувајќи четири во округот Кук, каде што се наоѓа Чикаго. Сите полетувања на комерцијалните летови кон аеродромите „О’Харе“ и „Мидвеј“ беа приземјени, а полетувањата од тие два аеродрома беа одложени, објави американската Федерална управа за авијација.
The view from Chicago Midway Airport as a tornado-warned storm pushed through moments ago.
Over 1.7 million people in the Chicago area were included within this tornado warning.
Video sent in by: Taylor Mobley#weather #tornado #stormhour #ilwx #wx pic.twitter.com/DO56S1lBza
— Nash Rhodes (@NashWX) July 12, 2023
Според „Флајт авер“, повеќе од 320 лета се откажани, а градските власти ги предупредија луѓето да се евакуираат.
Дрвјата беа откорнати и покривите беа разнесени во градот Кантрисајд во округот Кук, а стаклата на автомобилите беа разнесени во Ла Гранж, објави Националната метеоролошка служба. Оштетувања на дрвја и покриви се пријавени и на неколку други локации, соопшти службата.
🚨#BREAKING: Tornado sirens are now sounding off for a particular is dangerous tornado warning
The National weather service has issues a PDS tornado warning meaning particular Dangerous situation as a confirmed large and extremely violent tornado is on… pic.twitter.com/Iv40yqb7zC
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) July 12, 2023
Илјадници жители останаа без струја, а канцеларијата на градоначалникот Брендон Џонсон соопшти дека жителите на Чикаго треба да ја ограничат употребата на вода за да спречат поплави. Предупредувањето за торнадо за Чикаго сè уште не е укинато.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ се огласи за штрајкот со глад на Весиќ: Министерот во оставка одбива храна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по посетата на штандовите на саемот за вино пред новинарите се изјасни за штрајкот со глад на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура во заминување, Горан Весиќ.
Вучиќ рече дека му е жал поради тоа.
– Жал ми е поради тоа, ако можам на кој било начин да стапам во контакт со него, ќе го замолам да не го прави тоа. Тоа е се што можам да кажам – рече претседателот.
Српеските медиуми потсетуваат дека Горан Весиќ поднесе оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Србија пет дена по трагедијата во Нови Сад.
Откако вчера излезе веста дека министерот во оставка Весиќ е меѓу 11-те уапсени за падот на настрешницата, тој на својот Фејсбук профил
објави:
„Не бев уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад.
Секогаш, како и досега, ќе бидам на располагање на надлежните органи и ќе докажам дека не сносам никаква кривична одговорност за овие трагични настани.
Адвокатската канцеларија што ме застапува во овој случај ќе комуницира со јавноста и медиумите за понатамошниот развој на настанот“, рече тој.
Свет
Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре, уапсена мајката
Бебето кое исчезна вчера од болница во Виена утрово е пронајдено мртво во корпа за отпадоци во близина на болницата, пишуваат австриските медиуми.
Како што соопштија истражителите, доенчето било завиткано во најлонска кеса, а мајката (29) на еднонеделното бебе е уапсена.
Вчера медицинската сестра забележала дека бебето не е во собата, а не била ниту мајката, па била повикана полиција која веднаш почнала интензивна потрага.
Ги проверувале сите автомобили, дури и ранците на велосипедистите, а во потрагата учествувале и кучиња трагачи. Во текот на вечерта мајката била сослушана во полиција. Што им кажала се’ уште не е познато.
Сослушан е и наводниот татко на детето, чие татковство мајката не сакала да го признае, велат од полицијата. Тој не е осомничен за кривичното дело.
Свет
Министерство за одбрана на Русија: Сите бојни глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта
Руското Министерство за одбрана соопшти дека сите бојни глави на балистичката ракета со среден дострел „Орешник“ стигнале до украинскиот воено-индустриски комплекс во Днепро (поранешен Днепропетровск).
„На 21 ноември 2024 година, како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел против објекти на територијата на Руската Федерација, вооружените сили извршија комбиниран напад врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс. Нападот беше успешно искористен со ненуклеарна хиперсонична опрема“, се наведува во соопштението.
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот вечерта објави дека Украина употребила западно оружје со долг дострел против руската држава поради што регионалниот конфликт доби елементи на глобален.
Тој исто така рече дека еден од најновите руски ракетни системи со среден дострел, балистичката ракета „Орешник“, бил тестиран во борбени услови.