Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: На Арсовска поважни ѝ се политичките игри отколку здравјето на граѓаните
Неспособноста и неодговорноста на Данела Арсовска го доведе градот Скопје до работ на еколошка катастрофа. Тоа што не беше подигнато ѓубрето со денови не само што значеше загрозување на животната средина, туку беше закана и по здравјето на граѓаните. Комунална хигиена не си ја вршеше работата за која е платена од граѓаните и тоа беше причина да се создадат стотици депонии во непосредна близина на домовите, градинките и парковите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, градоначалничката Арсовска како да не сакала овој проблем да се реши, бидејќи, како што велат, кога скопските градоначалници се организираа со помош на своите скромни капацитети и со помош на општините од внатрешноста на државата, Арсовска тоа од каприц го блокираше.
– Очигледно поважни и беа политичките игри отколку интересот на граѓаните и нивното здравје. Народот вели “ем шуто, ем боде”. Арсовска ем не си ја заврши работата и го остави градот да тоне во смет со денови, ем ја одби други да помогнат да се надмине проблемот. Кој беше интересот на Арсовска да се создаде оваа еколошка катастрофа? Дали имаше за цел да ги казнува граѓаните или да дефокусира од други прашања, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Арсовска беше избрана да работи во интерес на народот и да ги реализира проектите кои ги ветуваше. Од ветените проекти нема ништо, туку само клевети и подметнувања. Нејзината неспособност и неодговорност се обидува да ги покрие со нервозни испади и неосновани напади. Народот тоа го гледа и го оценува“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

