Македонија
Спасовски на средба со раководството на Регионалниот центар Запад, СВР Охрид и ОВР Струга
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во рамките на проектот „Безбедно лето 2023“, оствари средба со раководствата на Регионалниот центар за гранични работи Запад, Секторот за внатрешни работи Охрид и Одделението за внатрешни работи Струга.
Како што известува МВР, министерот Спасовски беше запознаен со безбедносната состојба на подрачјето на РЦ Запад, СВР Охрид и ОВР Струга, за состојбите со криминалитетот, како и за активностите што се преземаат во насока на намалување на стапката на криминалитет во приоритетните области, одржување поволен јавен ред и мир, безбеден патен сообраќај и превенција. Во согласност со презентираните показатели, безбедносната состојба на подрачјето во надлежност на овие организациони единици на МВР е стабилна, без индиции таа да биде нарушена, што е особено важно за граѓаните од овој дел, но и во рамките на генералната безбедносна оценка за државата.
Бројот на туристи пред самиот ек на туристичката сезона е зголемен 40 % – престој на странци до 3 месеци, годинава таа бројка изнесува 50.817 лица странци во споредба со истиот период минатата година кога таа бројка изнесуваше 36.843. Протокот на патници на граничните премини, кои спаѓаат во склоп на РЦ Запад, во споредба со истиот период од минатата година, 2023/2022 бележи зголемување од 16 %, односно регистрирано е влез/излез 1.527.153 во споредба со минатата година кога бројката беше 1.320.304 патници, велат од МВР.
Во делот на илегалната миграција се бележи намалување на илегални преминување на нашата граница како резултата на мерките и активностите што се преземаат на терен и добрата поставеност на нашите служби, откриени се 36 лица при обид за незаконско преминување на државната граница, од кои 4 – Мароко, 3 – Сирија, 2 – Палестина, 2 – Холандија и 25 лица од Албанија.

Вкупниот криминал на подрачјето на СВР Охрид во изминатите пет месеци од 2023 година, во споредба со истиот период претходната година, бележи намалување од 22 %. Во делот на тешките кражби, во текот на 2023 година бележиме намалување на овој вид пријавени кривични дела за 38 % во споредба со истиот период лани, информираат од МВР.
Класичниот криминал на територија на СВР Охрид во првите пет месеци од 2023 година бележи намалување од 20 % во споредба со истиот период 2022 година.
Исто така, бележиме намалување и во делот на економскиот криминал, каде што годинава во споредба со првите пет месеци од минатата имаме намалување од цели 38 % на територијата на СВР Охрид. Позитивен тренд се бележи и во областа на сообраќајот, каде што имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди.
Од страна на СВР Охрид во првите пет месеци во текот на 2023 година реализирани се 52 настани за превенција. На подрачјето на ОВР Струга во првите пет месеци од 2023 година компаративно со истиот период лани бележиме намалување за 28 % на вкупниот број регистрирани кривични дела. Во областа на класичниот криминалитет, пак, оваа година имаме намалување од 31 % во споредба со минатата година, се наведува во соопштението на МВР.
На крајот од средбата, министерот Спасовски изрази уверување дека колегите од РЦ Запад, СВР Охрид и ОВР Струга и во наредниот период ќе продолжат со зголемен интензитет при реализацијата како на превентивните активности така и на репресивните мерки, а со единствена цел – подигнување на безбедноста и заштита на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

