Црна хроника
Скопјанка пријавила физички напад, пријавениот ја обвинува дека го удрила со автомобил и го повлекла со возилото
Полицијата добила две пријави од 34-годишна скопјанка и 48-годишен маж за насилство во Ѓорче Петров.
Скопјанката Н.А.(34) на 11 јули, во 19.26 часот пријавила дека околу 15.20 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходни недоразбирања, била физички нападната од Т.Т.(48) од Скопје. Додека, следниот ден во 19.26 часот Т.Т. пријавил дека на 11.07.2023 околу 15.20 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, Н.А. додека управувала патничко возило, го удрила во пределот на нозете и го повлекла со возилото, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен криумчар, пронајдени седум мигранти
Синоќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, полицијата го приведе 26-годишниот Ф.Ш. од Косово.
При извршен преглед на „голф 7“ со косовски национални ознаки – автомобилот којшто тој го управувал, биле пронајдени седум лица-мигранти, од кои три од Индија, две од Пакистан и по едно од Непал и Бангладеш, информираа од МВР.
Известен бил јавен обвинител, мигрантите биле пренесени во Транзитниот центар-Табановце и Прифатниот центар за странци-Скопје.
По целосно документирање на случајот, против Ф.Ш. ќе следува пријава.
Топ
Турски државјанин најден починат во хотел во Охрид
Шеесет и тригодишен државјанин на Турција, во текот на вчерашниот ден бил најден починат во хотел во Охрид.
Од СВР Охрид информираат дека пријавата ја добиле вчераутро, а станува збор за лице со иницијали Х.К..
Доктор од итната медицинска помош, констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото, извршија полициски екипи.
Топ
Автомобил излета од патот кај Битола, возачот тешко повреден
Автомобил управуван од 68-годишен маж од Битола излета од патот Ресен-Битола.
Од МВР информираа дека несреќата се случила вчера во 17.50 часот, а возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен бил увид.