Свет
(Видео) Моторот на јапонска вселенска ракета експлодира при тестирање
Моторот на јапонска вселенска ракета експлодирал денеска за време на тестирањето, но никој не е повреден, соопшти претставник на јапонското Министерство за образование, наука и технологија.
Експлозијата на моторот Epsilon S на полигонот на Јапонската агенција за воздушно-вселенско истражување (JAXA) е најновата во низата неуспеси што ги намалија вселенските амбиции на Јапонија.
#JAXA #ロケット #実験 場で #爆発 「 #イプシロン S」#燃焼試験 中 #秋田
オリジナル版は→https://t.co/F4pW2UY2g0 pic.twitter.com/aDLEylDHSZ— 毎日新聞映像グループ (@eizo_desk) July 14, 2023
Официјалниот претставник за „Ројтерс“ изјави дека експлозијата се случила околу една минута по тестирањето на моторот од втората фаза.
Телевизиските снимки покажаа дека пламенот еруптира од страната на лабораторијата за тестирање пред да ја зафати малата зграда и да го разнесе покривот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Украина и нејзините сојузници ќе работат на план за прекин на огнот во наредните денови
Украина и нејзините сојузници се согласија да работат на план за прекин на огнот во следните десет дена, изјави претседателот Володимир Зеленски за „Аксиос“, по предлогот на американскиот претседател да се запре војната на сегашните граници.
„Неколку брзи точки. Како план за прекин на огнот. Одлучивме дека ќе работиме на тоа во следната недела или десет дена“, изјави украинскиот лидер за „Аксиос“ во интервју објавено во понеделникот.
Зеленски додаде дека Украина за да изврши притисок врз Русија за разговори бара од американската администрација не само ракети „Томахавк“, туку и „слични работи“ кои не бараат долгорочна обука, пренесува „Ројтерс“.
Фото: принтскрин
Свет
Трамп подложен на преглед со магнетна резонанција: „Беше совршено“
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во понеделникот изјави дека бил подложен на магнетна резонанца, без да каже зошто.
– Беше совршено – им рече тој на новинарите во авионот „Ер Форс Уан“ на пат кон Токио.
Магнетната резонанца користи магнети и радио бранови за да создаде детални слики од внатрешноста на телото. Може да се користи за следење на голем број состојби.
Порано овој месец, како што анализираат медиумите, лекарот на американскиот претседател изјави дека по медицинската проценка, се утврдило дека Трамп е во „исклучителна здравствена состојба“.
Во јули, Белата куќа откри дека Трамп имал оток во долниот дел од нозете и модринки на десната рака, откако фотографиите го покажаа претседателот со отечени глуждови и шминка што го покрива засегнатиот дел од раката.
Фото: принтскрин
Свет
Дипломатите на Европската Унија лути на Мерц поради Украина
Дипломатите на Европската Унија сметаат дека статијата на германскиот канцелар Фридрих Мерц во „Фајненшл тајмс“ сериозно го отежнала обезбедувањето заеми за Украина од средства од замрзнати руски средства, објавува „Еурактив“.
Според публикацијата, Европската Унија се обидела итно да обезбеди нов кредитен пакет за Киев, но процесот бил блокиран откога Мерц јавно ја презентирал својата иницијатива. „Поради статијата на Мерц во „Фајненшл тајмс“ минатиот месец, ситуацијата почнала да се развива во неочекуван правец уште од самиот почеток“, се наведува во статијата повикувајќи се на изјавите на европските дипломати.
Еден од изворите на „Еурактив“ проценил дека прашањето за користење руски средства требало да се реши дискретно, зад затворени врати, а не јавно, како што направил германскиот канцелар.
На 25 септември Мерц презентира предлог во британскиот весник „Фајненшл тајмс“ за развој на механизам со кој на Украина ќе ѝ биде доделен заем од 140 милијарди евра, финансиран од замрзнати руски средства. Според неговата идеја, тој заем би бил вратен само кога Русија ќе ја надомести штетата на Украина, а средствата би останале блокирани сè додека Европскиот совет не донесе поинаква одлука.
Сепак, како што е оценето во дипломатските кругови, оваа иницијатива не само што предизвика поделба меѓу членовите туку и го отежна постигнувањето консензус за нов финансиски пакет за Киев.
Фото: принтскрин

