Забава
Актерскиот тим на „Опенхајмер“ ја напушти премиерата во Лондон веднаш по повикот за штрајк
Актерите на новиот филм на Кристофер Нолан, „Опенхајмер“, ја напуштија лондонската премиера во четвртокот додека настанот беше во тек во знак на солидарност со штотуку одобрениот штрајк на Синдикатот на холивудските актери.
Нолан го потврди нивното заминување пред почетокот на прикажувањето на филмот на плоштадот Лестер сквер во Лондон, пренесе магазинот „Вараети“.
Актерскиот тим на чело со Килијан Марфи, кој го портретира главниот лик Роберт Опенхајмер, како и Мет Дејмон, Емили Блант и Флоренс Пју, планираше ваков потег ако Синдикатот на актерите САГ-АФТРА свика штрајк среде настанот.
„Разговаравме за тоа. Видете, ако повикаат на штрајк, сите ќе излезат во знак на солидарност. Веднаш по официјалната објава, ние си одиме“, изјави Дејмон за „Вараети“.
„Има многу луѓе овде што не сакавме да ги разочараме, но исто така сме целосно солидарни со нашите колеги и она што тие го прават“, рече Кенет Брана, кој исто така глуми во филмот.
„Знам дека тие работеа напорно за да постигнат договор што се случува во критично време во нашата индустрија. Важно е да сме подготвени да застанеме рамо до рамо со нив додека се развива ситуацијата“, додаде тој.
Почетокот на премиерата беше поместен еден час порано за да им се овозможи на актерите да се појават на црвениот тепих пред објавувањето на одлуката на комитетот на САГ, објави новинската агенција „Асошиетед прес“.
Премиерата почна нешто пред 17 часот, а публицистите и шефовите на маркетинг нервозно ги проверуваа своите телефони и часовници, пренесува „Вараети“.
Националниот совет на САГ-АФТРА во четвртокот гласаше едногласно за штрајк против студијата и дистрибутерите, соопшти Данкан Кребтри-Ајрленд, претседател на Синдикатот, кој претставува 160.000 актери и други професионалци на големиот и малиот екран.
Овој потег внесе дополнителни превирања во забавната индустрија, која веќе се соочува со штрајк на сценаристите.
Синдикатот на холивудските актери објави дека официјално ќе стапи во штрајк од полноќ денес (9 часот по средноевропско време). Оваа одлука може целосно да го парализира Холивуд и да нанесе тежок удар врз филмската индустрија, каде што продукцијата на филмови и серии веќе е во застој поради штрајкот на сценаристите.
Холивудските актери објавија дека ќе им се придружат на сценаристите во штрајкот што трае веќе два месеца, со што филмската индустрија ќе се најде во целосен застој. Здружението на филмските, ТВ- и на радиоактерите бара поправедна распределба на профитот од стримингот и подобри работни услови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Во фустанот на мајка ѝ од 1996 година таа покажа дека е најубавото бебе на познати личности
Познатата актерка Гвинет Палтроу присуствуваше на премиерата на Marty Supreme, која се одржа во Њујорк, а беше придружувана од синот и ќерката, Епл и Мозес Мартин. За Епл се вели дека е едно од најпознатите бебиња на познати личности, а овој пат се потруди да биде во центарот на вниманието.
View this post on Instagram
Иако за Епл често се пишува само како за ќерка на познати личности, таа сепак се обидува да биде единствена и гради свој пат. Сепак, кога станува збор за модата, секогаш е добро да се копира совршениот стил на мајка ѝ, која со децении воодушевува на црвениот тепих.
View this post on Instagram
Епл го стори токму тоа, а за да го направи искуството комплетно, се одлучи за едноставен црн фустан од Калвин Клајн, кој Гвинет го носеше во 1996 година на премиерата на филмот „Ема“, објавува „Пипл“.
View this post on Instagram
Овој модел на фустан е уникатен токму поради својата едноставност. Нема никакви други детали, освен што ја следи линијата на телото, Епл сè комплетира со мали обетки, а косата ја собра во малку полежерна пунџа.
View this post on Instagram
Ниту остатокот од семејството не заостануваше. Мозес ги комбинира светлите панталони со сина кошула и сиво сако, а Гвинет повторно се одлучи за црна креација. Познатата актерка избра фустан со голем шлиц и ефектна машна на едното рамо, а своето модно издание го комплетира со салонки.
apple martin wearing her mum gwyneth paltrow’s calvin klein dress from 1996 to the premiere of ‘marty supreme’ pic.twitter.com/BmCHLYrfHg
— C 💒 (@churchofysl) December 17, 2025
Сепак, Епл беше главната ѕвезда на вечерта, најмногу поради повторениот стајлинг на мајка си.
Забава
Моден трик на Французинките: не чини ништо, а веднаш го подобрува вашиот изглед
Многумина се потпираат на Французите за инспирација за стил. Од црвените кардигани, кои тивко го зазедоа гардероберот, до класичните комбинации од фармерки со рамни ногавици и балетанки, парижанките имаат неверојатна способност повторно да ги направат релевантни, дури и наједноставните идеи.
Нов моден тренд што Французите го популаризираа е врзувањето ремен преку палтото. Овој тренд првин почна да се појавува на „Инстаграм“, а потоа и на улиците на Париз, каде што речиси секоја втора жена носи палто стегнато на половината.
Не станува збор за претерување и усовршување, туку за лежерен потег што веднаш го воздигнува секој изглед. Најдобро од сè, овој стилски трик не ве чини апсолутно ништо ако веќе имате ремен и палто (а сигурни сме дека имате).
View this post on Instagram
Која е тајната?
Она што го прави овој тренд толку привлечен е неговата едноставност. Ременот веднаш ги менува пропорциите на палтото и му дава форма, без да изгледа како да сте се потрудиле премногу.
Парижанките го носат со сè: ремени од јаже протнати низ преголеми волнени палта, тенки кожени ремени преку строги јакни или врвки цврсто стегнати на долги мантили.
View this post on Instagram
Трендот се прошири и на кратки и на лабави јакни, што изгледа многу модерно, пишува Who What Wear.
Целата филозофија се базира на практичност – изгледа како да сте го додале ременот во последен момент за да спречите ветерот да ви го отвори палтото, а не како внимателно испланиран стил.
View this post on Instagram
Пред сè – забавувајте се комбинирајќи и експериментирајќи со парчињата што веќе ги имате во вашиот плакар.
Забава
(Видео) Розова од глава до петици: познатата русокоса прошета во Њујорк како Барби
Гвинет Палтроу неодамна беше фотографирана во Њујорк, каде што се појави во емисија. Актерката го привлече вниманието на јавноста, особено на модните критичари, со својот изглед.
View this post on Instagram
Невообичаено, а толку убаво, можеме само да кажеме дека нè остави без зборови. Изгледаше исто како Барби.
View this post on Instagram
За оваа посебна пригода Гвинет одлучи да облече женствен комбинезон во металик розова боја, кој ја следи линијата на телото и ѝ ја нагласува витата фигура. Ова монохроматско издание го комплетира со високи потпетици во пастелно розова боја, а додаде и ремен во малку потемна нијанса од гореспоменатата боја.
View this post on Instagram
Изгледот го комплетира со едноставна шминка во природни тонови, а прамните од косата ги остави слободно да паѓаат. Ги поздрави љубопитните фотографи со блескава насмевка.

