Македонија
Ковачевски да го разреши Бектеши оти ја излажал цела Влада за рудникот во Иловица, бара Стојановски
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, прашува дали министрите кои биле на седницата кога се доделувала концесијата за рудник во Иловцица ќе побараат одговорност од Бектеши?
Тој на ФБ напиша:
„Министрите кои гласале за оваа концесија денеска на протестите заедно со граѓаните.
Каков илустративен приказ на лицемерието на СДСМ !
И бидејќи Министерот ја излажал цела Влада, ќе има барање за одговорност !?
Ќе има барање за поднесување неотповиклива оставка !?
Или Ковачевски веднаш и неодложно да го разреши бидејќи свесно и за личен интерес ја “изманипулирал” цела Влада !?
Нормално дека нема да има.
А зошто !?
Бидејќи полтроните од СДСМ се толку исплашени од одговорност и без никакво ниво им слугуваат на тесната криминална клика од ДУИ, на штета на државата, а за лична корист.
И бидејќи за секое криминално дело на оваа клика, добиваат надомест.
Мизерно е како срамежливо барате “ревизија”, а не одговорност!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

