Регион
Десетгодишно девојче се удави во базен во Грција
Десетгодишно девојче се удави во базен на одмор во Грција, каде што било со родителите, јавуваат грчките медиуми.
Во неделата, нешто пред 18 часот, девојчето било во дворот на комплексот во Неа Макри, каде што си играло со својата другарка.
Мајка ѝ била во близина и го товарела нивниот багаж во автомобилот за да се вратат дома во Атина. Претходно, татко ѝ го напуштил одморалиштето со нејзиниот брат близнак. Во еден момент 10-годишното девојче останало само во базенот.
Потоа се нурнало во водата за да ја фати маската што нејзините другари ја фрлиле како дел од играта што ја играле последните неколку дена. Десетгодишното девојче потонало на дното на базенот, каде шт се задржало најмалку 3 минути.
Менаџерот на комплексот истрчал да ја спаси. Кога пристигнал, детето имало модринки и тешко дишело. Двајца лекари, кои биле во близина, се обиделе да ја спасат. Како што пишува „Прототема“, девојчето исфрлало храна од устата додека добивало прва помош најмалку 20 минути.
„Детето го најдов свесно. Не можеше лесно да дише и правевме рунди реанимација јас и татко ми заедно, кој исто така е лекар, и еден господин, кој знаеше прва помош и работеше во соседната продавница. Наизменично си помагавме и се обидувавме да извадиме стомачна содржина од девојчето, од цревниот систем на детето. Се обидувавме барем 15-20 минути додека не дојде брзата помош. Но, за жал, не успеавме“, вели младиот доктор.
Инцидентот се случил пред очите на мајката на 10-годишното девојче.
Според информациите, девојчето не се соочувало со никаков здравствен проблем и било страстен пливач. Сепак, останува непознато зошто се удавило во базенот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

