Контакт

Свет

Иранската полиција за морал ги обновува патролите за носење шамии: „Жените што ќе се противат, ќе бидат казнети“

Објавено пред

Иранската полиција за морал ќе продолжи со патролите за да ги натера жените да се придржуваат до строгите исламски правила за облекување, објавија државните медиуми во неделата, 10 месеци откако смртта на една млада жена во притвор предизвика протести во целата земја.

dobivaj vesti na viber

Саид Монтазералмахди, спикер на овој орган, рече дека полицијата повторно ќе почне со патролите со возила и пешаци во земјата од недела, објави државната новинска агенција „Фарс“.

„Службениците првин ќе ги предупредат жените што не ги почитуваат правилата, а оние што инсистираат да ги прекршат нормите, може да се соочат со правни мерки“, рече тој.

Полицијата за морал стана позната на меѓународната сцена во септември минатата година кога 22-годишната Махса Амини почина три дена по апсењето од страна на силите за неправилно носење на својот хиџаб и одведена во центар за превоспитување.

Нејзината смрт предизвика национални протести, кои ја потресоа земјата, претставувајќи една од најголемите домашни закани за владејачкиот свештенички режим во Иран во повеќе од една деценија.

Властите реагираа насилно за да го потиснат повеќемесечното движење за време на кое сведоците рекоа дека полицијата за морал практично исчезнала од улиците на Техеран.

Убиени се најмалку 582 лица од страна на режимот во Иран минатата година, што е зголемување од 75 отсто во однос на 2021 година, според групите за човекови права, кои велат дека порастот ги одразува напорите на Техеран да внесе страв меѓу демонстрантите против режимот.

Полицијата за морал има пристап до моќ, оружје и центри за притвор и контрола врз центрите за превоспитување, изјави за Си-ен-ен минатата година „Хјуман рајтс воч“. Групата е санкционирана од САД и од Европската Унија.

Центрите дејствуваат како установи за притвор, каде што жените, а понекогаш и мажите, се приведуваат затоа што не ги почитуваат државните правила за скромност.

Внатре во објектите на затворениците им се даваат часови за исламот и важноста на хиџабот и се принудени да потпишат ветување дека ќе ги почитуваат државните прописи за облека пред да бидат ослободени.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Шпанија со закон го забранува извозот на оружје во Израел: „Сакаме да се стави крај на геноцидот во Газа“

Објавено пред

Од

Шпанските пратеници денес гласаа за закон со кој се воведува ембарго за извоз на оружје во Израел, мерка што долго време ја заговараше социјалистичкиот премиер Педро Санчез за „запирање на геноцидот“ во Газа.

dobivaj vesti na viber

„За“ гласаа 178 пратеници, а 169 беа против. Малцинската влада на социјалистичкиот премиер конечно ја доби поддршката од четири пратеници од крајно левичарската партија Подемос, која не откри како ќе гласа до денеска наутро.

Шпанското ембарго е на сила од октомври 2023 година, но социјалистичката влада сакаше да ја „зацврсти правно“ одлуката.

Санчез го објави тоа на 8 септември, по што израелската влада реагираше жестоко, но Израел го повлече својот амбасадор од Шпанија во 2024 година, откако Мадрид ја призна Палестина.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Турција сонува повторно да ја обнови Отоманската Империја

Објавено пред

Од

По пристигнувањето на турските беспилотни летала во Приштина, имаше остра реакција од српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ја обвини Турција дека сонува за обнова на Отоманската Империја. Со овој потег, Србија премина од „златно доба“ во односите со Турција и пријателството со Ердоган на отворени политички тензии за само една година, пишува N1.

dobivaj vesti na viber

Косовскиот премиер Албин Курти претходно објави на Фејсбук дека пристигнале беспилотните летала, додавајќи дека десетици безбедносни сили веќе се обучени да ги користат.

Курти објасни дека договорот со турската компанија Бајкар бил потпишан во декември минатата година, а дроновите биле испорачани три месеци пред предвидениот рок. Тој нагласи дека Косово „продолжува да ја зајакнува ударната моќ на својата армија“ со модерна технологија.

Реагирајќи на веста, Вучиќ остро го осуди потегот на Турција, велејќи дека е „ужасен“ и дека тоа „јасно покажува дека Турција не сака стабилност на Западен Балкан“.

„Згрозен сум од однесувањето на Турција и грубото кршење на Повелбата на ОН и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, како и од континуираното вооружување на властите во Приштина. Сега е сосема јасно дека Турција не сака стабилност на Западен Балкан и дека сонува за оживување на Отоманската империја. Србија е мала земја, но ние добро ја разбравме пораката“, рече Александар Вучиќ.

Реагираше и владината Канцеларија за Косово и Метохија, а нејзиниот директор Петар Петковиќ ја повтори оценката на Вучиќ дека Србија „ја разбрала пораката“ и дека „не е случајно“ што беспилотните летала биле доставени во Косово три месеци пред предвиденото.

Турција го направи ова, смета Петковиќ, „само неколку дена пред локалните избори“, со цел да му ја обезбеди на премиерот на Приштина „потребната поддршка пред изборите на 12 октомври, за да може да продолжи да го тероризира српскиот народ“.

Петковиќ рече дека Белград „ќе продолжи одговорно да го зачувува мирот и стабилноста, и покрај вооружените сојузи што се создаваат на штета на мирот и претставуваат директна закана“.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Свет

Белорусија испраќа рекордни количини бензин во Русија

Објавено пред

Од

Белорускиот железнички извоз на бензин во Русија се зголеми за четири пати во септември во однос на претходниот месец, бидејќи Москва се справува со недостиг на гориво предизвикан од украинските напади врз нејзината енергетска инфраструктура, објавија извори од индустријата синоќа, објави „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

Неколку руски региони беа принудени да воведат мерки за штедење и привремено да ги замрзнат цените на горивата во последните недели. Причината е недостигот на популарни видови бензин предизвикан од напади со беспилотни летала насочени кон рафинерии и други енергетски објекти.

Како одговор, Москва, исто така, го ограничи извозот на бензин и дизел. Ова не е првпат Русија да се потпира на соседна Белорусија, таа, исто така, го зголеми увозот на гориво минатата година за да го покрие недостигот на пазарот.

Според извори, пратките на бензин со железница од белоруските рафинерии до рускиот домашен пазар минатиот месец достигнаа 49.000 метрички тони, што е еквивалентно на 14.500 барели дневно. Заедно со бензинот, испораките на дизел во септември изнесуваа 33.000 тони.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Филипче до Димитриевски: Со предавници на социјадемократската идеја не дебатирам

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на трибината „Се бориме за нашиот дом“ од Прилеп, му одговори на Максим Димитриевски. „Слушам...

Македонија4 часа

Мицкоски: Венко и Стевчо тајно во седиштето на СДСМ премерувале како да обезбедат 2.000 гласа за Јакимовски од СДСМ

На денешниот митинг во Карпош во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот...

Македонија9 часа

Уапсена сопругата на докторот кој беше застрелан во Куманово, била вмешана во обидот за неговото убиство

Полицијата ја уапси сопругата на докторот кој беше застрелан вчера во Куманово. Тој со повреди беше пренесен во болница, но...

Македонија9 часа

Евакуации во објектите околу плоштадот „ВМРО“ поради куфер оставен на плочникот, полицијата утврди дека е празен

Обезбедувањето на Јавното претпријатие за државни патишта пријавило во полиција дека две лица денес оставиле куфер на плочникот пред нивниот...

Македонија12 часа

(Видео) Филипче до Мицкоски: Или сфати дека си избран да ја водиш државата или да си одиш

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите на премиерот Мицкоски, порача дека премиерот треба...

Македонија14 часа

Почина Панчо Минов, поранешен пратеник и градоначалник на Кавадарци

На 67-годишна возраст денеска почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и поранешен пратеник во Собранието. Панчо Минов беше дипломиран...

Македонија15 часа

Парични казни за три градинки и едно училиште по спроведени инспекциски контроли во кујните

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во...

Македонија16 часа

Кривична пријава за злоупотреби и малтретирање против две сопственички на приватни установи за сместување стари лица

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Н.Ј.(47) и Т.И.(58), двете од Скопје поради...

Македонија16 часа

Истрага против две сопственички на домови за стари лица: сместувале женски и машки лица заедно, дел од корисниците биле заклучувани, им биле служеби оброци со изминат рок

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени за кривични...

Македонија16 часа

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за Зоран Заев, не биди лицемерен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на синоќешниот митинг во Гостивар во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година...

Топ16 часа

Уапсени двајца скопјани: предизвикале пожар на две товарни и едно патничко возило кај спортскиот центар „Јане Сандански“

Денеска, во 02:20 часот во СВР Скопје е пријавен дека на паркинг простор од Спортскиот центар „Јане Сандански“ на подрачје...

Свет19 часа

(Видео) Нападнат автомобилот во кој се наоѓал претседателот на Еквадор, луѓе фрлаа камења, најдени траги од куршуми

Автомобилот на еквадорскиот претседател Даниел Нобоа бил опкружен од околу 500 луѓе кога тој пристигнал на настан во покраината Канар,...

Европа19 часа

Путин: Украинците се повлекуваат на целата фронтова линија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските сили во 2025 година зазеле речиси 5.000 квадратни километри територија во Украина и...

Европа19 часа

Мелони: Пријавена сум во Меѓународниот кривичен суд за соучество во геноцид

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вчера изјави дека таа и двајца министри се пријавени во Меѓународниот кривичен суд за наводно соучество...

Свет19 часа

Нетанјаху: Ќе продолжиме да ги постигнуваме сите воени цели, Газа повеќе нема да биде закана

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера вечер им вети на Израелците дека ќе ги постигне сите цели на војната против Хамас...

Европа20 часа

Путин: Се докажа дека бевме во право во февруари 2022 година

Желбата на луѓето од Донбас и Новорусија да ја поврзат својата иднина со Русија докажа дека одлуките донесени во февруари...

Македонија1 ден

Тошковски: Нема да поднесам оставка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на неговиот „Фејсбук“ профил реагира соопштението на СДСМ во кое се бара негова оставка....

Македонија1 ден

Во вооружениот напад во Куманово е повреден докторот Зекирија Шаини, од Здравство велат дека е во стабилна состојба

Министерството за здравство со вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден нашиот колега, доктор...

Македонија1 ден

Нема индиции на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово, соопштија од Јавното обвинителсто. „Во однос на настанот...

Македонија1 ден

Поради сериозни пропусти, Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, информира дека Владата еднострано...