Македонија
Да не се фрлаат догорчиња, да не се палат излетнички огнови, апел од СВР Тетово
Со настапувањето н0 мошне високите температури на воздухот, деновиве и во поширокиот Полошки Регион, меѓу другото, осетно се зголемија и опасностите од настанување пожари, особено во полето и шумите. Поради ова, Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до граѓаните максимално да бидат внимателни кога работат или се движат на отворен простор, да не фрлаат догорчиња, да не палат излетнички огнови, но и да не ги палат меѓите и стрништата во нивите.
„На излетниците им се советува кога приготвуваат скари да не ги остават докрај неизгаснати остатоците од жарот што го користат зашто доволна е само мала искра за да пламне пожар со несогледливи материјални и други последици. Им се советува исто така да не оставаат на отворено стаклени предмети, кои доколку се подолго време изложени на силно сонце, може да предизвикаат пожар“, велат од СВР Тетово.
Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека предизвикувањето пожар намерно или од невнимание законски се санкционира и со затворски казни, кои во зависност од видот и крајните последици се движат од 6 месеци до 5 години, односно до 8 години доколку станува збор за шумски пожар од поголеми размери.
Во координација со другите служби полициските службеници на СВР Тетово во наредниот период ќе го засилат присуството на подрачјето, пред сѐ, на најпосетуваните излетнички места и во шумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

