Црна хроника
Тешко повреден работник во фабрика во Пехчево
Вчера во 12.30 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека во Клиничка болница Штип со тешка телесна повреда бил донесен 44-годишниот А.Д. од село Црник, пехчевско, извести МВР.
– Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 11.00 часот, при извршување работни задачи во фабрика во Пехчево, соопшти МВР.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Берово, а известен бил и државен инспектор за труд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец измамен за сума од 760 евра: преку социјалните мрежи собирал пари за лекување во странство
Вчера во 14.40 часот во ОВР Гостивар, 31-годишен гостиварец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 760 евра.
Според пријавеното, околу 09.00 часот лицето се јавило преку социјална мрежа и се претставило како Р.М. од Република Србија, кој работел во хуманитарна организација. Како што е пријавено, лицето го видело апелот за помош за негово лекување во странство и сакало да помогне со донација на поголем износ, но било потребно прво тој да уплати 760 евра бидејќи таква била процедурата.
Исто така, според пријавеното, откако ги пратил парите преку брз трансфер на пари, лицето го блокирало, по што сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка во интернат во Битола: таткото го претепал цимерот на својот син
Во СВР Битола вчера во 14.00 часот Ј.Б.(41) од Кичево пријавил дека во неговата соба во интернат во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.Г.(37) од Вевчани, татко на неговиот цимер.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривична за геометар од Струга: изработил лажно решение за приватизација на градежно земјиште
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.А.(39) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа” и „злоупотреба на службена положба и овластувања“.
Тој, во својство на помлад референт – геометар во Министерството за финансии, Управа за имотно – правни работи во Струга, изработил лажно решение за приватизација на градежно земјиште по основ стекната со надомест, внел број од друг предмет, своерачно се потпишал и во име на овластениот потписник, фалсификувајќи го неговиот потпис, и го втиснал службениот печат од Министерството за финансии за првостепена постапка.
Изготвеното лажно решение на 29.05.2024 година го испратил во Одделение за катастар на недвижности во Струга со намера да биде катастарски впишано и спроведено, додека архивираниот предмет, чиј број го искористил, веднаш го уништил.