Македонија
Попов: Држава која не вложува во младите не може да се смета за сериозна држава
Започнавме со нашиот караван за собирање на идеи и предлози за пишување на младинска програма насловена Иднина за сите во Македонија, рече претседателот на УМС Сергеј Попов од Битола на средба со средношколците.
Попов потенцираше дека држава која не вложува во младите не може да се смета за сериозна држава.
– Држава кој не вложува во својата иднина односно во средношколците за да ги дообучува и да ги насочи во правилна насока, таа држава не може да се нарече дека е сериозна, рече тој.
Попов истакна дека на 22 и 23 јули во МОБ ќе се одржи саем за млади и ги повика сите млади луѓе да се приклучат на кампањата на УМС, Иднина за сите се со цел да се донесе програма за младите која што ќе биде поблиска до нив.
– Јас ја користам оваа прилика да ги повикам сите заинтересирани млади луѓе, средношколците и студентите, спортисти, млади лекари, млади културни работници, да се приклучат на оваа кампања која ја води УМС, Иднина за сите во Македонија и на 22 и 23 јули во МОБ да дојдат на саемот на млади во организација на УМС. И таму идеите кои ќе бидат изложени од нас како УМС, заедно со вас како млади луѓе ќе имаме прилика да ги надградиме, но и да размениме искуства се со цел таа програма да ја направи што поблиска до младите луѓе, порача Попов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

