Црна хроника
Четворица повредени во сообраќајна несреќа на локалниот пат Челопек – Милетино, едното возило го управувал 13-годишник

Вчера, во 16 часот, во СВР Тетово, пријавено е дека на локалниот пат Челопек – Милетино, во тетовски Челопек, се случила сообраќајна несреќа, во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки: „фолксваген голф“, управуван од 26-годишниот А. Т. од тетовско Милетино, и „бмв“, што го управувал 13-годишен малолетник од Челопек, извести СВР Тетово.
„Во несреќата сопатниците од „голфот“, 46-годишниот С. Т. и 27-годишната М. Б. од Милетино, добиле тешки телесни повреди, а двајцата возачи телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде што биле пренесени за укажување лекарска помош“, соопшти СВР Тетово.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
14-годишник нападнат на трим-патека во Кисела Вода од повеќе малолетници

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 54-годишниот Д.Х. од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот