Црна хроника
Тешка несреќа во Прилеп: сопатничката во болница, возачот со повреди

Вчера, во во ОВР Прилеп било пријавено дека патот Градско – Прилеп, кај влезот за с. Плетвар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“, со битолски регистарски ознаки, управувано од А. А. (61) од Битола, и патничко возило „шкода“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М. Р. (75) од Прилеп.
„Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничка од возилото ‘шкода’, Љ. Р. (70) од Прилеп, а телесни повреди добил возачот М. Р., констатирани во Градската општа болница Прилеп“, велат од МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Прилеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
На тераса во Кочани украден паричник од 90-годишен маж

90-годишник од Кочани синоќа пријавил кражба што се случила околу 21:30 часот на терасата од неговата семејна куќа.
Според пријавата во ОВР Кочани, едно лице му го одзело паричникот во кој имало пари и лични документи.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Норвежанец приведен на аеродромот во Скопје, се однесувал агресивно

44-годишен државјанин на Норвешка бил приведен ноќеска на Меѓународниот аеродром Скопје, откако за време на летот од Осло до Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при обид полициските службеници да разговараат со него, мажот продолжил да се однесува агресивно и кон нив, попречувајќи го извршувањето на службените дејствија.
Лицето било приведено, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
46-годишна жена физички нападната од својот партнер

Четириесет и шестгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната од својот партнер во домот каде што престојува, на подрачјето на општина Кисела Вода.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 6 јуни околу 22:00 часот, а пријавата била поднесена во СВР Скопје на 7 јуни, околу 02:30 часот. Осомничениот С.А. (50) оштетил и дел од покуќнината.
Од МВР информираат дека се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава против сторителот.