Црна хроника
Превезувал дрва, не можел да докаже од каде се – приведен кичевец

Вчера, околу 13 часот, на улицата Илинденска во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 60-годишниот В. П. од кичевско Тајмиште.
„Тој со товарно моторно возило „фап“, со охридски регистарски ознаки, превезувал огревни дрва без потребните документи“, велат од МВР.
В. П. е задржан за документирање на случајот, а возилото со потврда му е одземено за натамошна постапка и ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Претрес во Штип, приведен дилер, пронајдена дрога

Вчера во 11.10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 44-годишниот Ф.С. од Штип.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, пари во различни валути и апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Црна хроника
Уапсен 26-годишник од Охридско: при претрес пронајдена дрога

Вчера во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 26-годишниот Х.Б. од село Косел, охридско.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и други предмети со остатоци од марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Украдено возило од гаражата на Општина Аеродром

Синоќа во 22 часот во Полициската станица Аеродром, Д.М.(37) од Скопје, градоначалник на општина Аеродром, пријавил дека во периодот од 15.30 часот на 04.04.2025 до 20.40 часот на 07.04.2025 од гаража на општина Аеродром на бул.„Јане Сандански“ било одземено патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на општината.
Возилото било пронајдено на ул.„Перо Наков“, при што било констатирано дека недостасува една регистарска табличка.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.