Свет
Авганистан: жените протестираат поради затворањето на фризерските и козметичките салони по наредба на талибанците
Жените во Авганистан одржаа протест, што ретко се случува во оваа земја, поради одлуката на талибанските власти да ги затворат салоните за убавина.
Собраните Авганистанки извикуваа „Работа, леб и правда“ за време на собирот во главниот град Кабул во средата.
Талибанската полиција употреби водни топови за да ја растера толпата, а неколку жени рекоа дека полицајците користеле и пиштоли за шок.
Околу 50 жени протестираа во Кабул, пренесува новинската агенција „Франс прес“.
Правата на жените сѐ повеќе се загрозени откога талибанците се вратија на власт во Авганистан во 2021 година.
На 2 јули 2023 година талибанската влада постави рок од еден месец да затвори илјадници козметички и фризерски салони во целата земја.
Фризерството и кубењето веѓи, според разбирањето на верата на талибанците, се спротивни на исламските вредности и родителите непотребно трошат пари на овие услуги кога ги организираат венчавките на своите ќерки, велат властите.
На Авганистанките веќе им е забрането да влегуваат во училници, спортски сали и да одат во паркови.
Неодамна, талибанците им забранија на жените да работат во Обединетите нации.
Ќе бидат затворени околу 60.000 работни места, соопшти авганистанската Стопанска комора.
Последен пат козметичките и фризерските салони во Авганистан беа затворени за време на талибанското владеење помеѓу 1996 и 2001 година.
И покрај противењето на меѓународната заедница, талибанците продолжија да ги ограничуваат правата на жените, вклучително и строгите правила за облекување и укинувањето на движењето без машка придружба.
Сите спорадични протести против мерките воведени од талибанците во последните две години се задушени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Би-Би-Си: Апсењето на Мадуро е опасен преседан за целиот свет
Апсењето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, претставува сериозен преседан во меѓународните односи и удар врз меѓународното право, оценува Би-Би-Си во анализа.
Трамп изјави дека САД привремено ќе управуваат со Венецуела, додавајќи дека не се исклучува ниту испраќање војска. Американските власти тврдат дека операцијата била успешна воено, но експертите предупредуваат дека политичките последици би можеле да бидат катастрофални.
Би-Би-Си потсетува дека претходни американски интервенции со цел промена на режими, како во Ирак и Авганистан, довеле до долготраен хаос. Се предупредува дека и падот на Мадуро може да предизвика насилство, нестабилност и борба за власт во Венецуела.
Кина ја осуди американската акција како кршење на суверенитетот и меѓународното право, а анализата посочува дека ваквиот преседан може да биде искористен и од други светски сили, особено во контекст на Тајван и Украина.
„Откако еднаш ќе се премине оваа граница, правилата што го спречуваат глобалниот хаос почнуваат да се уриваат“, се наведува во анализата на Би-Би-Си.
Свет
Кина е бесна поради акцијата на САД, Трамп: Имам добар однос со Кси
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не верува оти операцијата на САД во Венецуела ќе им наштети на односите на САД со Кина и кинескиот претседател Кси Џјинпинг.
„Имам многу добар однос со Кси“, изјави Трамп пред новинарите во неделата вечерта на „Ер Форс Уан“. „Ние ја имаме моќта на царините, а тој има други механизми на влијание врз нас.“
Американскиот претседател, исто така, објави дека планира патување во Кина во април, каде што треба да се сретне со Кси.
Кина претходно ги повика САД веднаш да ги ослободат венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга, кои се во американски притвор. Во исто време, Пекинг изјави дека е длабоко шокиран и остро ја осудува отворената употреба на сила од страна на САД против суверена држава.
Со години, Венецуела е близок сојузник на Кина, која е еден од најголемите купувачи на венецуелска нафта, и покрај строгите меѓународни санкции. Ненадејното апсење на Мадуро во операција на американските специјални сили предизвика широка дебата во кинеските политички и медиумски кругови.
Трамп и кинескиот претседател последен пат се сретнаа во октомври во Јужна Кореја, за време на тридневната турнеја на Трамп низ Азија. По таа средба, Трамп рече дека двајцата „се согласиле за речиси сè“.
Според Трамп, вкупните американски царини за кинески стоки треба да се намалат за 10 проценти, благодарение на напредокот во разговорите за увоз на соја, ретки метали и прашања поврзани со фентанил.
Регион
Србин кој загина во пожар во Швајцарија е прогласен за херој: Се вратил во барот за да ги спасува гостите
Четириесет лица ги загубија животите, а повеќе од 100 беа повредени во ужасниот пожар што го зафати барот Le Constellation во швајцарскиот скијачки центар Кранс-Монтана на новогодишната ноќ. Меѓу жртвите е и Стефан И. (31), обезбедување кој стана херој откако спасил неколку гости од пожарот, но, за жал, не можел да се извлече од него, пишува швајцарскиот портал „Блик“.
Стефан И. работел како обезбедување. Кога избувнал пожарот, тој мирно почнал да ги турка гостите на безбедно. Како што објавија медиумите, откако извадил неколку луѓе, се вратил во објектот зафатен од пламен за да спасува уште луѓе. Тој несебичен чин го чинел неговиот живот, пренесе „Индекс“.
🔴🇨🇭 FLASH INFO – Une vidéo capture le départ de l’incendie au bar « Le Constellation » à Crans-Montana (VS), alors que le plafond s’embrase.#Suisse #CransMontana #Incendie
pic.twitter.com/f6IL9NYuyK— Media Express (@media_express_e) January 1, 2026
Французинката која успеала да избега на време го опишала обезбедувачот како личност која „без двоумење се соочила со опасност за да ги заштити другите“, истакнувајќи ја неговата извонредна храброст и саможртва во средината на тоталниот хаос.
Стефан, Србин по потекло од Ваљево, живеел во Швајцарија 20 години, каде што имал и државјанство. Неговото семејство се надевало до последен момент дека тој преживеал.

