Македонија
Времето денеска сончево и со температура до 43 степени и УВ индекс 10

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени. Ултравиолетовото зрачење ќе биде со индекс UV=10.
И во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени.
До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури. Особено топло ќе биде утре и кон средината на следната седмица и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Зошто во случајот со директорот на АНБ не е постапено како со двете директорки на училишта

СДСМ обвинува за селективност во одлуката за отфрлање на кривичната пријава против директорот на АНБ, Бојан Христовски. Од партијата утрово велат дека Јавното обвинителство се ставило во улога на алатака во рацете на ВМРО-ДПМНЕ.
„Наместо независен огран ослободен од политиката, да го брани јавниот интерес и владеењето на правото гледаме скандалозно селективни постапки за перење на Христовски и незаконското назначување за директор на АНБ.
Зошто обвинителството не е побарало официјален одговор директно од ETS – Educational Testing Service, институцијата што ги издава ТОЕФЛ сертификатите?
Зошто не е постапено идентично како со двете директорки на училишта и со директорката на болница во Дебар, кои беа гонети и осудени затоа што користеле фалсификувани ТОЕФЛ сертификати добиени од исто место како Христовски – јазичното студио „Јулија“?
Во сите овие случаи, обезбедени се докази директно од ЕТS и тоа за многу кратко време. Зошто сега, кога станува збор за Христовски, партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ е целосно игнориран ETS од страна на Обвинителството?
Оваа скандалозна одлука не само што ја руши довербата во институциите, туку и потврдува дека сѐ уште живее духот на тефтерчињата од времето на Груевски.
Со ВМРО-ДПМНЕ на власт, нема и не може да има правда“, се вели во соопштението на СДСМ.
Македонија
Група инжинери со претстaвка до РКЕ: „Граѓаните да имаат реални сметки за струја базирани на реално мерење“

Новиот Закон за енергетика, јасно ја уредува обврската за мерење и фактурирање на електричната енергија според реална потрошувачка, но со тоа повторно се отвори прашањето за законитоста на членот 31 од Правилата за снабдување (донесени во 2018), кој дозволува издавање сметки врз основа на проценета, наместо реална потрошувачка во случаи на неотчитување на мерните уреди, велат од неформалната група Инжинери на Македонија.
Поднесена е претставка до Регулаторната комисија за енергетика, со која се укажува дека оваа одредба повеќе нема правна основа, бидејќи уредува прашање што сега е јасно дефинирано во Законот и тоа на поинаков начин. Укажаваат дека со тоа се крши хиерархијата на правни акти.
„Иако поднесовме амандман и добивме уверување од Министерството за енергетика дека спорниот став 2 од членот 185 ќе биде отстранет, тој сепак остана во Законот, дозволувајќи проценка на потрошувачката „кога мерењето не е извршено“. Но мерење постои бидејќи сите домаќинства имаат струјомери. Проблемот е административен а не технички. Затоа на последниот состанок со РКЕ нагласивме дека „мерење“ и „отчитување“ не се исто, па сметките мора да се издаваат само врз основа на реално измерени податоци. Најавата од претседателот на РКЕ дека ова ќе се реши со нов подзаконски акт е повторно правно проблематична – подзаконски акт не смее да ја менува или надминува содржината на закон, особено кога штетата ја трпат граѓаните“, велат од групата преку допис.
Со упатената претставка до РКЕ бараат: Итно бришење на членот 31 од Правилата за снабдување, без чекање да е донесат новите Правила; Забрана за издавање на сметки врз основа на проценка, кога струјомерот е исправен; РКЕ да го обврзе ЕВН на целосно почитување на Законот за енергетика и другите закони; Во случај на продолжување на прекршувањата, да се иницира постапка за раскинување на договорот за приватизација на дистрибуцијата од 2006 година, во согласност со одредбите од Законот за облигациони односи.
Клучно барање им е граѓаните да имаат реални сметки базирани на реално мерење.
Македонија
Променливо облачно време, попладне дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (10 до 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.