Македонија
Лефков: Власта го злоупотребува образованието и го гради врз база на популизам на одредени политичари
Иднината е многу важна и треба да гледаме кон неа, а единствен начин да се подготвиме за неа е образованието. Луѓето го поврзуваат образованието со пазарот за труд, дека треба да се подготвиме за новите работни места, новото работно време, но ако ја погледнеме иднината ќе видите дека над 65% од работните места кои во иднина ќе ги работат нашите деца, денеска не постојат. Затоа треба да градиме иновативен систем во кој ќе внесуваме иновации, кој ќе биде флексибилен и нема да дозволуваме да се злоупотребува демократијата, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на денешната панел дискусија на тема „Образование и спорт“ на Саем на проекти за млади „Иднина за сите во Македонија“ во организација на Унијата на млади сили.
Лефков потенцираше дека власта во образованието прави злоупотреба на демократијата во Македонија.
– Сите одлуки кои ги носат, се водат од нечии мислења и се оправдуваат со процесот на демократија, а одлуките треба да бидат водени од податоци, од анализа. Образованието значи кои сме ние, кои вештини ќе ги стекнеме, а има и друг аспект кој е важен, афективното знаење. Тоа доаѓа кога ќе имате чувство за нештото. Кога учиме за историјата за вековната борба на македонскиот народ, се случува да заборавате за бројки, но останува афективниот момент на почит за жртвата која е дадена, рече тој.
Лефков посочи дека образованието кај нас потфрли да создава луѓе кои се спремни да се жртвуваат, да инвестираат, да даваат за својата држава, а во исто време со недостатокот на учебници, кадар, прилагодени образовни програми се уништуваат и вештините за работа.
– Образованието власта го гради базирано на неколку наши политичари, затоа мора следната влада на ВМРО-ДПМНЕ мора да се посвети на иновации и одлуки базирани на факти, а не нечие мислење и популизам. Оваа влада има свој крај и тоа е добра вест, ќе дојде и одговорност, а потоа и реформирање на образованието базирано на анализа, податоци и поглед кон иднината. Тоа може да го ветиме на идните генерации, нагласи Лефков.
Лефков посочи дека во Македонија се намалува бројот на запишани првачиња и тоа за речиси половина.
Луѓето ни се иселуваат, а луѓето од владата по тоа прашање купуваат трговски центар на својот внук, се занимаваат со нечесни работи. Ако се иселуваат луѓето каков континуитет може да има државата? Добрата вест е што завршува нивното владение затоа што ова е власт која не се грижи за иднината на нашата држава, истакна Лефков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пивтијада на плоштадот во Автокоманда
Денес 19.01.2026 година (понеделник) со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи традиционалната манифестација Пивтијада која општина Гази Баба ја организира 16. година по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
Оваа манифестација во себе соддржи музички, хуманитарен и натпреварувачки карактер. Преку купување на пивтии граѓаните ќе донираат за Клиниката за детски болести, а преку декоративно украсени пивтии ќе имаат можност да се натпреваруваат за награда.
Македонија
Министерот Минчев со честитка за христијанскиот празник Богојавление – Водици
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, испрати честитка по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
„Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Нека овој празник донесе мир, здравје и благосостојба во Вашите домови и биде поттик за заедништво, солидарност и меѓусебно почитување.
Во духот на празникот, со заедничка посветеност, да продолжиме да придонесуваме кон унапредување на јавната администрација, во интерес на сите граѓани“, пишува во честитката.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Празникот да ни донесе радост во срцето, светлина во душата и мир во умот
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство и до православните верници.
„Почитуван г. г. Стефан, Чест и задоволство ми е Вам, лично, и на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Посакувам празникот да ни донесе радост во срцето, светлина во душата и мир во умот.
Верувам дека осветувањето на македонските води ќе ни помогне да ги надраснеме малодушноста и летаргијата, и ќе нè инспирира на добродетелство и на грижа за блиските и за заедницата.
Само со благост, внимание, солидарност и емпатија можеме да го разбудиме божественото во себе, покажувајќи ја вистинската човекова природа.
Свесни дека човештвото е соочено со длабока криза и со тешки искушенија, мора да почнеме да се менуваме себеси, ако сакаме да го промениме општеството. Само морални и мудри индивидуи создаваат силни заедници чии напредок и благосостојба никогаш не се на сметка на туѓата болка и страдање.
Да се радуваме што постоиме, да го цениме и да го почитуваме она што го имаме, материјалните и духовните богатства да ги споделиме со другите. Сплотени да се обидеме да придонесеме за среќна и пристојна сегашност, и благословена и просперитетна иднина.
Бог се јави!“, пишува во честитката на Гордана Сиљановска-Давкова.

