Македонија
(Фото+видео) Службите во Општина Бутел излегоа на терен да расчистат по невремето, подвозниците непроодни
Екипите на Општина Бутел излегоа на терен веднаш по невремето што ја зафати општината.
Општинскиот кризен штаб работи на терен на расчистување на последиците од невремето и обилните врнежи кои ја зафатија општина Бутел. Екипите на општината се во целосна координација со МВР и ЕВН.
Општинските работници работат на најкритичните места и расчистување на паднатите дрва и наносите. На терен работи и целосната механизација со која располага Општина Бутел.
Службите апелираат до граѓаните на Општина Бутел да останат смирени и ветуваат дека сите штети ќе бидат санирани. Ќе се продолжи со работа и во ноќните часови се до нормализирање на состојбата.
Отворен е телефонски број 075/274 421 на кој граѓаните на Општина Бутел можат да пријават последици од невремето.



Како што објави Макфакс, подвозниците во Бутел се поплавени од дождот и се непроодни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)

