Регион
Семејство патувало пеш со километри за да избега oд Родос, ги спасил локален жител

Сеемејство од Британија било принудено да пешачи со своите две деца со киломерти низ патишта зафатени од шумските пожари на Родос додека се бореле да бидат евакуирани.
Таткото Ник Стафорд, неговата сопруга Вики, и нивните две деца, седумгодишната Емилија и 11-годишниот Луис, се соочија со целосен хаос откога беа принудени да го напуштат хотелот оставајќи три куфери зад себе, пишува „Дејли мејл“.
Таткото Стафорд рече дека возилата ги земаат само хотелските работници, а на другите луѓе не им оставаат друг избор, освен да пешачат до следниот хотел на 33 степени во 11 часот.
„Беше прилично апокалиптично и напорно со децата. Патот беше целосно темен пред нас, но зад нас целиот хоризонт беше осветлен од пожарите“, изјави Стафорд за „Мирор“.
По девет километри пеш, семејството, кое потекнува од Бедфордшир, на крајот го собрал локалец, кој ги однел уште три километри до друг хотел.
Евакуации има и на Крф – уште едно грчко жариште за одмор е уништено од шумски пожари, а илјадници туристи сè уште се на аеродромот на Родос.
Грчката служба за итни комуникации ги предупреди луѓето што престојуваат или живеат во речиси 20 области на Крф да се евакуираат во побезбедни делови на островот.
Туристите што се враќаа дома од Родос срдечно ги прегрнаа оние што ги чекаа на аеродромот „Гетвик“ откако успешно избегаа од застрашувачките пеколни јазици на грчкиот остров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Општа тепачка на свадба во Србија: гостинка ја удри невестата, возврати младоженецот

Свадбена прослава во Горњи Милановац се претвори во вистинска драма кога избувна масовна тепачка меѓу гостите.
Според порталот „192.рс“, инцидентот почнал кога гостинка на свадбата, од причини што засега се непознати, физички ја нападнала невестата и ја удрила.
Потоа реагирал младоженецот обидувајќи се да ја заштити својата сопруга, а конфликтот набргу се проширил и на другите гости.
View this post on Instagram
Според снимката, во салата владеел целосен хаос, а некои од присутните се обидувале да ја смират ситуацијата.
фото: принтскрин
Регион
Дојава за бомба на имотот на Милорад Додик

Утрово, во Бања Лука е примена пријава за поставена бомба на имотот на Милорад Додик, поранешниот претседател на Република Српска.
Според Радио Сараево, полицијата веднаш излегла на местото на настанот и спроведува контрадиверзиска инспекција на имотот.
Претходно наутро, примена е и пријава за бомба во хотелот „Палас“ во Бања Лука. Министерството за внатрешни работи на РС извршило увид и утврдило дека станува збор за лажна пријава.
фото: принтскрин
Регион
Вучиќ: Успеавме да ги одложиме санкциите на САД врз српската нафтена индустрија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека САД го одложиле воведувањето санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС) за осум дена со цел, како што рече, „за да покажат почит кон Србија“.
„Им благодарам, сакаа да покажат почит, да ни кажат дека нè слушаат и ја разбираат нашата позиција. Благодарам за тоа, но дали добивме нешто суштинско? За седум дена, ќе го имаме истото прашање, а јас сè уште нема да го имам одговорот“, рече Вучиќ во Обреновац, каде што учествуваше на граѓанскиот марш против блокадите.
Тој додаде дека ќе има реакција од Србија и од самата НИС и кон американската страна и кон другите партнери кога станува збор за нови понуди.
„Верувам дека ова е добро, но дали ќе биде доволно и дали ова е она што го сакаат Американците – ќе видиме“, рече Вучиќ.
Санкциите на САД против НИС требаше да стапат во сила на 1 октомври, но рокот сега е одложен барем до 9 октомври.
фото: принтскрин