Македонија
Уставните измени утре пред собраниската комисија, Мицкоски дециден: ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против
На дневниот ред, утре, на седницата на Комисијата за уставни прашања, во Собранието ќе биде предлогот за пристапување кон измена на Уставот, со што почнува процедурата за уставните измени.
Како што се очекува, по усвојувањето на дневниот ред, предлогот пред пратениците би требало да го образложи премиерот Димитар Ковачевски.
Сепак, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и денеска повтори дека нивниот став е јасен – нема поддршка за уставните измени, ниту на собраниска седница ниту на собраниска комисија. Мицкоски рече дека утре пратениците од оваа партија ќе бидат во парламентот и ќе гласаат против.
„Утре, ќе бидеме таму присутни и кога точката ќе биде ставена на дневен ред, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против. Така ќе биде и на самата седница кога овие уставни измени, предвидени според Комисијата за уставни измени, предводена од Цаца Николовска, се доставени во парламентот“, рече Мицкоски.
За да се донесе одлуката за уставни измени, потребно е двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Според Деловникот, дебатата за уставните измени може да трае десет работни дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

